Таг: еу

Што мислат Европјаните едни за други

Интересно истражување на тема стереотипи за браќата и сестрите од  другите земји во Европската Унија. Да речеме, Германците имаат ужасно лоша репутација меѓу Грците но тоа не им пречи на нашите јужни соседи да сметаат дека од сите, најмногу може да им се верува на Германците.

Штета што сме мали, а не сме Мали

Наспроти нашата дведецениска илузија дека секогаш сме некаде во врвот на приоритетите нa Европската Унија, во моментов нејзините главешини се окупирани со планот да и се дадат половина милијарда евра на африканската држава Мали.

Европската унија ќе ја прекине шпанската фудбалска доминација

Шпанија е актуелен европски и светски шампион и има три претставници во четвртфиналето на Лигата на шампиони, но нивната доминација во светскиот фудбал наскоро би можела да биде прекината и тоа со налог на Европската унија.

Како да убиеш држава преку ноќ?

Проблемот беше во банкарскиот сектор кој е 8 пати поголем од целокупната кипарска економија, додека европскиот просек е 3.5. Најголем удел во тоа имаа руските фирми. Тоа страшно ѝ пречеше на Германија.

Иде Дунав, англиска верзија

Бугарите и Романците се најчестото страшило со кое Британците се плашат за нивните работни места. "Апокалиптичниот" бугарско- романски имигрантски дожд е планиран за следната година.

Европа за информирани

Германскиот поет и преведувач, добитник на Златниот венец во Струга, применувајќи го Сократовиот метод (јас те прашувам, а ти одговори си сам), преку оваа симулација на квиз за ЕУ поставува куп клучни прашања за нејзиниот сегашен статус, смисла и иднина. 

Камерон ќе ги строи административците

Над 3.000 бирократи на Европската Унија заработуваат повеќе отколку британскиот премиер. Не за долго.

Британија би ѝ раскинала на ЕУ

Од 100% Британци, само 30% се сигурни дека сакаат да останат во ЕУ. Останатите се измеѓу "пакувај се" и "ај уште една пијачка, па ќе видиме."

Зошто 27 држави не можат да престанат да губат пари на ДДВ

Летово 15 лица од Британија и Белгија беа уапсени за обемна даночна измама во која преку повеќе од 50 вистински и фантомски компании скриле данок од околу 220 милиони евра. Вкупниот обем на сите даночни измами во ЕУ се проценува на околу 100 милијарди евра.

Наградата за ЕУ, круната за Норвешка

Норвежаните и дадоа Нобелова награда за мир на ЕУ, што не значи дека Унијата треба да си ласка дека тие воопшто помислиле да станат нејзини членови.

ЕУ се цареви

Унијата отвори канцеларијата за делење помош... на Барбадос... на сама плажа... за што ќе плаќаат 2,5 милиони евра годишно.

Што се случи на европскиот самит?

Во ситните часови по полуфиналето меѓу Италија и Германија, италијанскиот премиер и германската канцеларка, на продолженија го играа веројатно најважниот натпревар во историјата на ЕУ.

Миле Поп Еуорданов

Ние не сме нешто посебно еуфорични околу ЕУ (јебеш унии во кои примаат држави како Грција), ама не дека Унијата нема свои предности: Европскиот суд донесе одлука по која во сите членки на ЕУ, работниците кои ќе се разболат за време на годишен одмор имаат право на дополнителни денови одмор.

Лук јал, такса не помирисал

Европската Комисија реши да ја изведе Велика Британија на суд бидејќи оваа земја уште од 2006-та се тегне ферски да плати 15 милиони фунти за увезен лук.

Сорос: ЕУ ќе стане "Германска империја"

Иако пред некој ден на ЕУ ѝ даде фора од три месеци да го спаси еврото, Џорџ Сорос сега прогнозира дека Унијата ќе биде спасена но претворена во империја на Германија.

Вреди ли уште диплома од Европа?

Оние кои бараат работа во државите од ЕУ допрва ги чекаат тешки години, предвидува надлежната агенција. Бавниот раст на нови работни места особено тешко ќе ја погоди образуваната младина а сè повеќе луѓе се сомневаат дека инвестирањето во образованието ќе им се исплати.

На Европа ѝ фалат јајца

Забраната за извоз на јајца од несилки одгледувани во кафези предизвикува сериозни проблеми во европската прехрамбена индустрија а цената на јајцата достигнува рекордни висини.

До задолжените нации на Европа

На Кина не и е спорно дека треба да и помогне на ЕУ, исто како што не е спорно и дека ќе и помогне, дилемата е зошто богатите пуштија рака  да бараат пари од сиромашните?