ЕУ има еден убав план за сериозно намалување на штетните гасови во атмосферата со што планетава ќе се ослободи од тони и тони јаглерод диоксид. Но, планот е моментално бутнат во фиока само за Унијата да не си наштети на британскиот референдум. Планетата нека почека.
Некои еколози одамна имаат сомнежи околу реалните придобивки од рециклирањето. А денес тоа станува и финансиски спорно. Заради цената на нафтата, и новата пластика е евтина, а за онаа рециклираната никој нејќе да плати.
Францускиот кашкавал Бофорт досега беше повеќе познат по извонредниот вкус и деликатната структура отколку по неговата способност да произведува електрична енергија. Но, работите се менуваат.
Сомнежите околу тоа ги пренесовме (види: Париз против конференцијата во Париз), но да пробаме и со нешто позитивно. Чудна работа се случи оваа 2015-та година; за првпат можеме да бидеме оптимисти околу климатските промени. Во некој друг, подобар свет, тоа би била вест на годината, наместо заебанциите и пиздариите низ светов.
Звучи како нешто излезено од „Психо“ на Хичкок, само место ножеви и врескање има гумени боцки и (додека се навикнеш) пак врескање. Ја разбираме еколошката компонента на проектот, ама па не остана веќе место кадешто човек може да биде невознемируван.
Не дека мислиме оти требало во Давос да стигнат на магариња ама некогаш фрапантeн е расчекорот меѓу благородноста на каузите и реалниот импакт на борците. За прописно да ја оплакаат климатската судбина на планетата, во Давос ќе стигнат аџии со 1.700 приватни авиони.
Даниеле Трофе дизајнира еколошки издржан мебел, кој не само што е инспириран од природата, туку користи и такви, природни материјали. Нејзиниот последен проект е наречен Mush-lume, и претставува лампа изработена од печурки.
11 милионски град во Кина е затворен заради неподнослива загаденост на воздухот. Во Пекинг веќе се работи на систем на гигантски правосмукалки кои би го цицале смогот од воздухот.
За првпат во историјата, еден прекуокеански карго брод успеа да мине низ арктичките води близу Канада и значајно да ја скрати вообичаената транспортна рута со што се штеди време, гориво и емисија на јаглерод диоксид. Сето тоа благодарејќи на глобалното затоплување.
И покрај исцрпувачките судски порази, Ирокезите порачуваат дека нема да се откажат од своите битки. Заради децата. И благодарејќи на тоа што во нивниот кодекс, кога носи одлука, поглавицата треба да мисли на следните седум генерации.
Додека се чудиме што по толку пекање по неа пролетта мина крај нас без да ѝ се порадуваме, на еколозите одамна им е јасно дека работата ќе оди само на полошо. Современите истражувања на климата се потпираат на голем број извори, па и на книжевни и теориски дела од минатото.
Феникс Финкбајнер од Германија на оваа планета престојува само 14 години. Пред 5 години си помисли една од оние детски блесави желби, да ја спасува Земјата. Поконкретно, да насади еден милион дрвја. И знаете што, оваа желба веќе ја исполнил пред две години.
Тероризмот, бруталното кршење на човековите права, немирите и војните од кои Блискиот Исток злопати во последниов половина век, според медиумскиот шаман на американските конзервативци е дело на - хипиците.
Беа потребни повеќе од две децении но успеаа: во Мексико сити, мегалополисот кој порано важеше за најзагадениот урбан простор на светот, денеска се дише нормално.