Таг: џенаро гатузо

Како Гатузо му честиташе роденден на Буфон

Џенаро Гатузо не е човек како и сите други и од него најмалку се очекува да му каже на некој: „Среќен роденден, голем да растеш“. Водителката Иларија Д`Амико, инаку партнерка на Џиџи беше синоќа во разговор со него, а царот во сред емисија во живо и рече: „Залапај го од мене“. Костакурта се здроби од смеење.

Најјаките изјави во кариерата на славеникот Рино Гатузо

„Ова е рај, мора да сонувам“, изјави најголемиот борец во историјата на италијанскиот фудбал кога го назначија за тренер на Милан. На 9. јануари наполни 40 години и за секоја година има по некоја занимлива искрена изјава.

Специјални честитки за Гатузо од легендите на Милан

Малдини, Кафу, Кака, Броки, Шевченко, Каладзе, Амброзини и Пирло во едно видео за јубилејните 40 години на Рино Гатузо. Шева: Немој да викаш толку на терен, не можам да го чујам коментаторот. Пирло: Полниш 40, а по два месеци престој во Милан личиш на 50.

Бегството на Гатузо низ прозор за трансфер во Шкотска

Големиот борец од средниот ред и сè уште недокажан тренер, имаше нeзаборавни 13 години на Сан Сиро каде ги фати најубавите години на Милан. Денеска полни 40 години, а ние ќе се вратиме на неговиот прв професионален договор во кариерата за кој бил пријавен во полиција.

Не е вистина дека во Милан е катастрофа, уште полошо е

Газдата на Милан до октомври 2018-та треба да врати долг од 350 милиони евра. А се надевал дека ќе успее преку пласман на Милан во Лигата на шампионите, пат кој не само што е трнлив туку делува и непрооден. Во каква ситуација се наоѓаат „Росонерите“?

Навивачите на Милан погодија во центар, Донарума се расплака

Пред мечот од осминафиналето на Купот на Италија против Верона (3:0), тифозите на Милан му скандираа на Донарума: „Оди си ѓубре лакомо“ и извадија многу убитачна парола.

Првиот подарок за Гатузо како тренер на Милан е чекан

Le Iene е емисија број 1 во Италија за правеше будалаштини. Беа на гости кај новиот тренер на Милан и му подарија: чекан (за да ги тепа играчите ако не слушаа), двоглед (затоа што долга била сезоната) и јакна (затоа што се фатил за работа во сред зима). 

Нека му ја мислат играчите на Милан

Монтела доби отказ, а на негово место тренер на Милан стана вечниот борец Џенаро Гатузо кој во една прилика изјави: „Во болница ќе одам само кога ќе ми ја исечат главата, за конци сам ќе се снајдам“. Ако Винченцо беше толерантен и фин, ништо чудно Рино да дели шамари ако не играат како треба.

Кога Пирло го зел мобилниот на Гатузо и пишал смс на директорот

Насловните страни на голем дел од светските спортски медиуми деновиве се занимаваат со ликот и делото на Андреа Пирло кој пред неколку дена и официјално ја заврши фудбалската кариера.

Единаесетмината кои тепаат

Замислете ја оваа збирштина на познати фудбалери во еден тим како што ги сместиле во видеово. Па секој меч ќе биде прекинуван поради недоволен број на играчи на терен. Пола од нив сигурно ќе папаат црвени картони. Некои стартови кои ги имаат направено директ на цеваница се за во затвор.

Кога Хичкок ќе режира драма во фудбалот

Вчерашната инфаркт завршница меѓу Барселона и ПСЖ не е единствен пресврт во историјата на фудбалот. Ретко кој ќе го заборави Солскјер и ’99-та или Депортиво и Ливерпул против Милан.

Топ 5 моменти од кариерата на славеникот Гатузо

Џенаро Иван Гатузо е роден во Козенца на 9-ти јануари 1978-ма и денеска полни 39 години. За какво јуначиште станува збор доволно е оваа листа да се крати на само еден момент. Гатузо има трчано 80 минути со искинати лигаменти на коленото.

Моментот кој го расплака Гатузо во 2016-та

Славниот играч на Милан се пробива како тренер во Серија Б каде лани ја внесе Пиза преку плеј-оф. После сè што доживеал во кариерата како фудбалер, не можел да поверува дека еден ден ќе му се случи и нешто вакво.

„Не знаев да подавам, а освоив Светско и два пехари во ЛШ“

Кога се изведувале пеналите против Јувентус во финалето на ЛШ 2003, Гатузо се молел да завршат пред него кој бил осми по ред за изведување. На Светското во Германија докторот за допинг чекал два и пол часа Гатузо да даде урина, затоа што бил уморен.

Поранешни фудбалери кои станаа активни тренери

Главното прашање е дали ќе успеат успешната играчка кариера да ја повторат и како тренери. Многу од поранешните фудбалери кои се решиле да облечат одело и да мавтаат со раце крај аут линијата раскажуваат дека е многу полесно да си на теренот отколку покрај него.

Јас, Броки и Гатузо од соба број 42

Ветеранот на Милан кој е втор голман поради талентот на тинејџерот кој е 22 години помлад, раскажува за пријателството кое се родило со поранешниот борец од среден ред и поранешниот играч, а сега тренер на клубот.

Скриената камера со Џенаро Гатузо

Човекот што работи на паркинг најпрвин ќе му каже дека Џенаро му е најголем идол и поради тоа своето куче го нарекол како него, затоа што биле исти на теренот. Тука започнува сè, а набрзо следува кулминацијата. Во целата приказна свесно е вклучен и Кристијан Броки тогашен соиграч на Рино од Милан, а излегуваат и комшии кои се бунат на бучавата и борци за правата на животните.

Самбата на Сан Сиро пред 10 години

По пауза од 14 години Барселона во сезоната 2005/2006 ја освои Лигата на шампионите. Меси беше уште млад, а Роналдињо во врвна форма. Во полуфинале го елиминираа Милан, а од дуелите на Гатузо и Пирло со Бразилецот остана посебно видео.

Вијаграта во Милан пред финалето во ЛШ

Берлускони, Ибрахимовиќ, Мурињо и Мино Раиола повторно ги има во најновата компилација на Газета на највпечатливи изјави дадени за медиумите во текот на изминатава недела. Ви ги издвојуваме Гатузо, Тони и голманот на Емполи.

Гатузо: Пипо ми ги крадеше копачките

Ако новинарите сакаат да напишат некоја пикантерија поврзаната со фудбал, најдобро е да го повикаат Џенаро Гатузо кој секогаш открива тајни од соблекувалната.

Гатузо не одговарал на СМС пораките

Поранешниот фудбалер на Милан кој важеше за голем борец и кој често пати ги добиваше жестоките дуели на теренот, најавува дека ќе биде победник и во оваа битка и ги отфрла сите обвинувања дека местел натпревари.

Гатузо осомничен за местење натпревари

Италијанската полиција ја продолжи својата битка против местењето натпревари и ноќеска уапси уште четворица, а дел од акцијата била и рација во домовите на Гатузо и Броки.

Гатузо: На Берлускони не би му дал да тренира ниту деца

Откако пред неколку дена на тв Раи имаше доста занимливо интервју во кое раскажа како Пирло му го злоупотребил мобилниот телефон, поранешниот "борец" од Милан удри со дрва и камења по неговите поранешни газди.