Таг: џенаро гатузо

Гатузо не одговарал на СМС пораките

Поранешниот фудбалер на Милан кој важеше за голем борец и кој често пати ги добиваше жестоките дуели на теренот, најавува дека ќе биде победник и во оваа битка и ги отфрла сите обвинувања дека местел натпревари.

Гатузо осомничен за местење натпревари

Италијанската полиција ја продолжи својата битка против местењето натпревари и ноќеска уапси уште четворица, а дел од акцијата била и рација во домовите на Гатузо и Броки.

Гатузо: На Берлускони не би му дал да тренира ниту деца

Откако пред неколку дена на тв Раи имаше доста занимливо интервју во кое раскажа како Пирло му го злоупотребил мобилниот телефон, поранешниот "борец" од Милан удри со дрва и камења по неговите поранешни газди.

Пирло му ја нудел на Галијани сестрата на Гатузо

На фудбалските терени го гледаме како скромен и срамежлив тип кој често пати ладнокрвно ги полни мрежите од слободен удар или од пенал, но Андреа Пирло кој е еден од најдобрите италијанските фудбалери, бил и еден од најголеми шегаџии.

На Гатузо му тргна како тренер-играч

Темпераментниот италијански фудбалер кој остави белег како голем борец во тимот на Милан, одлично се снајде во новата улога во Сион. На неговото деби каде истовремено настапи како играч и тренер, клубот го однесе во полуфиналето на швајцарскиот Куп.

Гатузо со нова улога како тренер-играч

Претседателот на Сион, Кристијан Константин донесе необична одлука по вчерашниот пораз на неговиот тим од 4:0 од екипата на Тун. Раководството на швајцарскиот прволигаш одлучи тренерската функција да му ја додели на Гатузо кој оваа сезона дојде од Милан.

Гангам Гатузо

Како дел од кампањата за неговиот нов клуб Сион од Швајцарија, Џенаро Гатузо мораше да игра на Гангам стајл и тоа го направи многу лошо.