Кога Арда Туран замина во Барса, Атлетико Мадрид знаеше дека тешко ќе најде достојна замена за Турчинот. Од Монако го доведоа Караско и го гледаа само како перспективен и амбициозен играч, но тој брзо стана важен дел од првиот тим.
И покрај тоа што промаши пенал и пропушти неколку шанси за гол, Атлетико Мадрид успеа да го победи Баерн Минхен на Карло Анчелоти. ПСЖ и Барса славеа после пресврти, а Сити првпат сезонава не победи.
Со 106 победи Емери е најуспешниот тренер во историјата на овој клуб и со 205 меча на клупата на Севиља се наоѓа зад рекордерот Капарош. Таков товар наследи необичниот Хорхе Сампаоли кој игра тотално офанзивен фудбал.
По 120 минути жестока борба и ремито по головите на Серхио Рамос и Фереира Караско се замина на пенал рулет. А таму повеќе среќа имаше Реал Мадрид кој славеше со 5:3. Роналдо го постигна решавачкиот пенал, Хуан Фран промаши.
Градот на модата за првпат сезонава ќе гледа европски фудбал, поради тоа што ни Милан ни Интер не ја помирисаа Европа цела 2015/2016. Реал 12 години чекаше јубилејна 10-та титула, сега 90 минути го делат од 11-та. Атлетико има многу мотиви.
На 24. мај 2014-та година Реал и Атлетико играа во финалето на Лигата на шампионите. Кралевите тогаш се спасија со израмнувачки гол во 94. минута, а во продолженија славеа со 4-1. Во сабота Атлети ќе има шанса да им се одмазди за болниот пораз.
Раководните луѓе од Реал и Атлетико отпатувале во Милано каде ќе се договараат со организаторот и домаќинот околу финалето на ЛШ. Картите движат од 70 па до 440 евра во зависност од зоната.
Две фотографии поврзани со вчерашната драма на Алијанц арена кои не вратија во шпанскиот фудбал од 90-те. Багажот кој го носат овие две славни тренерски имиња од кариерата како играчи е само факт, но не и помагало за тоа кој кого ќе надмудри со тактика. Ел Чоло е човек за респект кој сезонава во Лига на шампиони успеа да им пркоси и да ги елиминира Барселона и Баерн Минхен, екипи кои сигурно многу фудбалски аналитичари ги гледаа во финале.
Три гола, два промашени пенали, 26 шута на Баерн Минхен, и Атлетико Мадрид во финалето на Лигата на шампионите е епилогот на вечерашниот реванш меч во Минхен.
Има зошто Диего Симеоне го почитуваат и го обожуваат навивачите на овие две италијански екипи кои сигурно во огромна бројка би го пречекале на аеродром доколку им стане тренер. За Интер беше играч (1997-1999 и освои Куп на УЕФА), а за Лацио (1999-2003 и освои Скудето, Куп, Супер на Италија и Супер Куп на Европа). Два моменти по кои го паметат.
По грандиозниот гол против Баерн во првиот полуфинален меч од ЛШ синоќа, 21-годишниот играч од средината на Атлетико ја заинтересира јавноста за неговите почетоци.
После Барселона, „војската“ на Чоло Симеоне успеа да го скроти и Баерн Минхен на Пеп Гвардиола. Главни јунаци на триумфот на Висенте Калдерон беа голманот Облак, Саул и Аугусто кој ги стави во џеб Видал и Алонсо.
Дедо Агустин де ла Фуенте Квинтана бил првиот социос (член) со членска карта на Атлетико Мадрид. Ја поседувал цели 73 години. Во 2005. година се појави во рекламата за Колчонерос, а почина истата година на 92 години во Мадрид.
Борбениот и издржлив дух на Атлетико Мадрид се отсликува и преку податокот дека синоќа Јорганџиите истрчале 114,6 километри вкупно а играчите на Барселона 102,6. Меси најмалку истрчал.
Фантастичниот Уругваец (40) кој беше миленик на Морати и сите Интеристи во четврток ќе се повлече од активното играње фудбал, а на прошталниот меч ќе дојдат многу светски фудбалски легенди меѓу кои и соиграчите од Интер.
За ваков темперамент кој дише со фудбалерите 90 минути треба да се постави една камера која ќе го следи од почеток до крај на секој меч. Кога го гледаш мислиш ножички без топка ќе направи.
„Игра само тој што ќе заслужи, сфаќаш? Ако не се трудиш, остануваш надвор", вели Чоло во најновата реклама на главната железничка компанија Ренфе Боно само што наспроти него не седи играч на Атлетико Мадрид, туку...
За разлика од тренерите од стар ков кој 95’ минути не стануваат од клупата, Аргентинецот да може би влегол да биде 12-ти играч на својот тим. Од таа причина во моментов е најценет и најбаран тренер во Европа.
Марка ги открива тајните на аргентинскиот тренер кој уште како играч бил суеверен, а сега ги прашува фудбалерите кој знак се во хороскоп и секогаш се облекува во црно без разлика на околностите и времето.
Аргентинецот Лусијано Вието ги изненади сите по првата сезона во Европа. Тој лани потпиша за Виљареал од аргентинскиот клуб Расинг и во дресот на „жолтата подморница“ постигна 20 голови. Тоа беше доволно Симеоне повторно да го донесе.
Двајцата поранешни фудбалери кои играа заедно во средниот ред на Лацио се потсетуваат на убавите времиња во Рим, но и на моментот кога се криеле од навивачите на Лацио по поразот во градското дерби. Шпанецот кој беше голема надеж, но не успеа да се снајде во италијанскиот фудбал, му направи интервју на Диего Симеоне во три дела за goal.