Во јануари 1984 година како светска ѕвезда и еден од најдобрите фудбалери на планетата, Диего Армандо Марадона побарал од ФИФА и Наполи да одигра една пријателска, ревијална средба со цел да се соберат средства за лекување на болно дете. И ФИФА и клубот го одбиле, па Аргентинецот решил да заигра пред зграда кај детето на калливо игралиште. Се собрале 4.000 гледачи!