Во јануари 1985-та година еден татко од неаполската населба Ачера, во очај му се јавил на шпицот на Наполи Пјетро Пуѕоне.
Го замолил ако може да организираат еден добротворен натпревар на кој би играл и Диего Марадона со цел да соберат пари за лекување на неговото дете. Претседателот на Наполи, Корадо Ферлаино не сакал да слушне, за Марадона случајно да не се повреди. Во тој период Наполи играл слабо и бил дури во долниот дел од табелата.
Кога му се јавиле на Диего, тој решил да ја плати клаузулата од 12 милиони лири на неговото осигурување и отишол да игра во маалски терен цел со кал. За среќа, сè се завршило добро, се одиграла партија фудбал, Марадона со чиста љубов кон оваа игра и со голема хуманост им помогнал на засегнатите.
Во следната 1986-та го постигна фамозниот гол „Божја рака“, а освои Куп на УЕФА и титули со Наполи: