Нашиот легендарен Таско (Атанас Костовски) ако памтите во преносите на Хрватска на Светското 1998 го мешаше Давор Шукер со Ивица Шурјак, репрезентативец на Југославија (1973–1982). Сличен превид му се случи и на еден полски коментатор на Мундијалот во Русија со Меси и Марадона.
Она што не го направивме по Светското, а требаше да го направиме е да го избереме Офсајд ликот. Тука нема конкуренција. Човекот кој се избламира како никој во Русија беше Диего Армандо Марадона. Ова е топ 10 листата на неговите активности.
Јазиков што го зборува Марадона ние не го разбираме, ама и да го разбиравме немаше да го разбереме што зборува, бидејќи во 2 минути не може пет саглам реченици да врзе. Добро бе знае ли кај тера човеков? Од Гаскоњ да не бара совети за животот?
Не знаеш дали повеќе да го мислиш додека го гледаш на стадион или кога е во двор со верната дружина. Со Нигерија докторите му рекле да си оди дома на полувреме и сега што мислите ќе ја издржи ли со Франција цела?
Диего Армандо Марадона, да бидеме реални, на моменти не знаеше на која планета се наоѓа за време на мечот меѓу Аргентина и Нигерија, така што соопштениево е малку како да ви кажеме...
Кога за 90 и кусур минути во жустро интересен меч камерите те даваат само тебе тогаш мора да си Диего Армандо. Правеше циркус цел меч, а на крајот веќе избезумен не знаеше кај се наоѓа.
Урлаше, па спиеше, па пак урлаше, па на голот на Меси се исклучуваше и на крај им покажуваше среден прст веројатно на поразените. Но еве сега гледаме и кого величел.
Од лево на десно седат: Самуел Ето, Чави, Икер Касиљас, Карлес Пујол, (ќелавото не го знаеме), Диего Армандо Марадона и Роналдо. Тоа се тие ѕверови од три различни континенти на едно место, во ложата на Лужники во Москва.
Мајсторските лоб удари како оној синоќа на Гочето, се вистинска реткост во фудбалот. Треба ептен да го осетиш голманот дека е излезен и да процениш дека нема да ја стигне. Ни текна на уште две ремек дела.
Во Италија навивачите може да се поделат на италијански навивачи и италијански навивачи од Неапол. Овие вториве кога слават титула има и голем број на повредени. Нивната страст за фудбал нема граници, особено кога се работи за нивниот Бог – Диего Армандо Марадона.
Се вика Eurostars Mirasierra и се наоѓа на 10 минути возење со автобус до Сантијаго Бернабеу. Токму тука ќе преноќат фудбалерите на Наполи во пресрет на утрешниот осминафинален меч од ЛШ против Реал Мадрид. Ќе имаат и специјален гостин кој ќе ги бодри уште од хотел, а тоа е нивната легенда Диеро Армандо Марадона.
Реткост е да се гледаат снимки каде на едно место се асовите на Италија, Аргентина и Бразил. Не дека Марадона покажа нешто посебно, толку му е со годините веќе, ама самото видео со нив тројца има тежина.
Сиот овој колаж на стари фотографии од одморите на некои поранешни фудбалски имиња е сосема нормален за тоа време, се додека не дојдете до моментот каде Диего и Клаудиа си ги имаат сменето позите.
На 30-годишнината од најфамозниот гол во историјата, оној на Марадона против Англија на СП 1986 со рака актерите на мечот од Англија зборуваат дека погодокот им е непрежална болка, а судијата не се кае за одлуката.
И во тоа време најскапите трансфери изнесувале во милиони, но со таа разлика што најскапиот играч тогаш чинел 10 пати помалку од најскапиот во денешно време. Трансферите ги одбележале Марадона, Баџо, Гулит, Клинсман, но ниту еден од нив не бил најскап.
Фудбалскиот сојуз на Аргентина пред Новата година ја состави најдобрата селекција на сите времиња. За разлика од другите такви тимови, се чини дека овој навистина е најдобриот и не е составен од оние кои цел свет ги знае. Во Аргентина ги знаат.