Светски познатиот медиум Гардијан ги одбра најдобрите 30 фотографии направени на Мундијалот во Русија кој се одигра минатото лето, е меѓу нив се најде и е една на еден наш доста успешен и искусен фотограф со богат и долг стаж.
Се работи за Ѓорги Личовски кој работи за агенцијата ЕПА. Тој го фати Диего Армандо Марадона додека беше ептен во елемент, а тоа е моментот кога Аргентина и дава гол на Франција во осминафиналето кое заврши 4:3 за Французите.
На толку фоторепортери и фотографии токму Македонец успеа да влезе во оваа листа направена од престижниот англиски медиум.
Инаку истиот Ѓорги лани за јавноста откри дека направил и една многу историска фотка за македонскиот фудбал. Се работи за првиот гол на Македонија кој го даде Зоран Бошковски Чоко на пријателската против Словенија во Крањ на 13 октомври 1993-та година.
Личовски сконтал дека ја има фотката откако го развил филмот во Скопје.