Марадона:
„Ањели ме повика за да ми каже дека сака по секоја цена да играм за Јувентус. Ми рече дека му понудил 100 милијарди лири (50 милиони евра) на Ферлаино (тогашниот газда на Наполи) и потоа јас да ја ставам цифрата на платата со мој потпис. Му одговорив дека не можам никогаш да им направам такво нешто на Наполитанците бидејќи се чувствувам еден од нив и никогаш не би облекол друг дрес во Италија, ако не е оној на Наполи“.