На календарот стоеше 10 мај 1987, а часовникот отчука 17:47, моментот кога судијата Паирето означи крај на средбата Наполи – Фиорентина 1:1, стрелци Карневале за Наполи и Роберто Баџо за Фиорентина. Наполи предводен од капитенот Марадона го освои првото Скудето во историјата.
Експлодираше Сао Паоло, а експлодираше и остатокот од градот каде вечно ќе се памети овој нивен најважен датум откако постои фудбал во Неапол. На Наполи му беше потребен само еден бод за титула со кој му избега 3 бода на Јуве, а 4 на Интер.
Серија А тогаш се играше со 16 екипи, а за победа се освојуваа 2 бода. Наполитанците имаа 15 победи, 12 нерешени и само 3 порази со гол разлика 41:21. Најдобар стрелец им беше Марадона со 10 гола, а Карневале имаше 8. Во одбрана играше легендарниот Чиро Ферара. По еден месец го освоија и Купот на Италија, а во финале играа со Аталанта.
Во описот на италијанските медиуми пишуваше:
„Во 17:45 градот полуде, се слушаа само сирени, имаше колони на автомобили, како и голем број на повредени во тој хаос“.
Марадона тогаш изјави:
„За мене ова вреди повеќе од Мундијал, сега се чувствувам како син на Наполи“.
За 30 годишнината од првото Скудето на Наполи, клубот организираше пријателска средба меѓу шампионскиот и актуелниот состав, но Марадона нема да присуствува поради обврски со новиот клуб од Обединети Арапски Емирати каде во моментов работи како тренер.
Табелата на крај изгледаше вака:
Атмосферата на стадион
Вака беше низ град
Насловните страни
Голот вреден Скудето, интервју со Марадона и славјето во соблекувална