Таг: челси

Иста приказна во Солун, УЕФА се прави наудрена

Во првото коло од групната фаза на Лига Европа вечерва Челси со 0-1 го совлада грчки ПАОК чии навивачи одново без проблем ја извадија националистичката парола за Македонија.

Најк прави дресови за Барса, Рома, Челси со мапа од градски локалитети

Другпат во обидите да направат нешто иновативно претеруваа па наидуваа на критики, ама последниов обид им е сосема океј. Ако ги занемариме циркусите бои, замислата им е фина.

Тренерот на Челси ги остава цигарите поради татко му

За одличниот италијански стратег Маурицио Сари (59) и неговата страстна пушачка навика летово се пишуваше повеќе отколку за неговиот стил на игра, необичниот живот и тренерскиот пат.

Тркот на Н’Голо Канте

Челси игра неверојатно со новиот тренер Маурицио Сари кој важи за сјаен тактичар. Имаат 4 од 4 а меѓу подобрите играчи очекувано е Нголо Канте.

Ристовски против Арсенал, Милан оди во Пиреа, Челси во Солун

Европското квалификациско лето заврши и со денешната ждрепка во Монако ги добивме групите во Лига Европа. Нашите репрезентативци Ељиф Елмас и Аријан Адеми ќе се судрат меѓусебе во дуелите на Фенербахче и Динамо. Тричковски и Мојсов ќе патуваат во Леверкузен.

Тренерот на Челси до 40 години работел во банка па напуштил за Серија Д

„Го знам јас него, уште од првиот ден кога дојде овде заедно работиме. Тој нема да отстапи од животниот сон да стане професионален фудбалски тренер“, рекол колега на Маурицио од банкарските денови. И погодил.

Малдини ги предводи иконите кои се вратија во својот клуб

Покрај легендарниот дефанзивец, летово ширум Европа неколку легенди решија да се посветат на клубовите каде се прославија.

Каде оди фудбалот - Челси даде 80 милиони евра за голман

По неколкудневни преговори шпанскиот голман Кепа Арисабалага премина од Атлетик Билбао во Челси за вртоглави 80 милиони евра и стана најскап голман во историјата!

Мурињо и проклетството на трета сезона на иста клупа

Уште четири дена остануваат до стартот на англиската Премиер лига. Во петок Манчестер Јунајтед на свој терен го пречекува Лестер, а сезонава ќе даде јасен одговор за иднината на Жозе Мурињо на клупата на Манчестер.

Тибо Куртоа на стара фора сака да го зафркне Челси

Најдобриот белгиски и можеби европски голман, Тибо Куртоа има намера преку проверени методи со отсуства од тренинзи и натпревари да го присили Челси да крене раце од него и да го продаде. Но што ако клубот се заинаети и го стави да брани за младинците цела сезона?

Мајка му на Жоржињо го виде дресот на синот во Челси и се расплака

Мајка му на новајлијата во Челси Жоржињо Фрело заедно со својот син го посетила клупскиот фан шоп. Кога стигнала до штандот со дресот на Жоржињо тоа ја трогнало.

Постојат три сигурни работи - смртта, даноци и Пизаро да се врати во Вердер

По апокалипсата во 2179 година Клаудио Пизаро пак ќе потпише за клубот во кој ни самиот не знае колку пати се враќаше во кариерата.

Една е мајка, таа ме научи да играм и фудбал, а јас стасав до Челси

Маурицио Сари на Стемфорд Бриџ сезонава ќе го има својот главен играч од Наполи. Не е тоа Хамшик, Мертенс или Инсиње, туку Жоргињо. Важи за владетел со топката кој не греши додавање, а занаетот го научил од мајка му која се окозила од работа за да му ги купи првите копачки и топка.

Како Вилијан го покри Конте со емотикони на славеничката слика

Иако соиграчите го избраа за најдобар играч на сезоната, бразилскиот репрезентативец не ужива доверба кај тренерот Антонио Конте и наскоро би можел да замине од „Стемфорд Бриџ“ ако овој остане.

На Абрамович не му ја продолжиле британската виза, велат тоа е само почеток

И покрај тоа што британските власти решиле да започнат отворена војна против олигархијата, газда Роман ветил дека нема да го остави Челси и дека буџетот за нови играчи летово ќе биде од 50-70 милиони фунти плус парите од продажба на фудбалери.

Помошникот го напушта Мурињо после 17 години

Манчестер Јунајтед во текот на вчерашниот ден објави дека 42-годишниот Руи Фарија кој му е асистент на Жозе Мурињо од 2000-та, заминува од клубот.

Карамбол кој значеше опстанок

Не постои навивач на Хадерсфилд на кој не му се тресеа гаќите на Стемфорд Бриџ на 7 минути до крај. Бодот против Челси значеше и математички опстанок во Премиер лига, ама можеа за влакно да не го освојат, ако нивниот голман Јонас Лесл не ја направеше оваа чудесна одбрана по една мешаница од која глава ќе ве здоболи.

Еден Азар на бербер одговори што мисли за трансфер во Јунајтед

Големите ѕвезди обично се вклучуваат во живо на Инстаграм или Фејсбук во слободно време кога се на фризер, во маркет или на некое друго место. Така и Еден Азар од Челси.

Дедо, татко и син - од колено на колено за Шпанија

Фудбалската династија Алонсо го има и третиот претставник кој ќе го носи дресот на репрезентацијата - Маркос Алонсо, левиот бек на Челси којшто доби повик од селекторот на Фуријата, Лопетеги.

Провокацијата поради која веројатно паднал ќотекот пред Камп Ноу

Навивачите на Челси беа доста гневни од односот на обезбедувањето на гостувањето против Барса во ЛШ. Сè уште е нејасно зошто ги тепаа со пендраци без осет, а шпекулациите говорат дека каталонските редари не можеле да се помират што ги ребрачат на политичка основа.

Решен спорот меѓу комшијата на стадионот на Челси и Абрамович

По неколку перипетии, фудбалскиот клуб Челси конечно ќе може да почне со изградбата на новиот стадион кој ќе изнесува 1 милијарда фунти. Што бил проблемот со комшијата кој живее до стадионот?

„Господ да го чува кралот“

Навивачите на Барселона не можеа да извадат појака парола посветена на осмиот човек во историјата на фудбалот кој стигна до 600 голови во кариерата за клуп и репрезентација.

Мората со непристоен гест до навивачите на Барса

Во 67. минута од мечот Барселона - Челси на теренот од клупа влезе Алваро Мората. Шпанецот е дете на Реал Мадрид па „Ноу Камп“ го исвиркуваше со сета сила. Ни центарфорот не им остана должен, ама сега ризикува суспензија.

Полициска бруталност пред Камп Ноу, навивачите на Челси се бесни

Иако стадионите во Шпанија важат за мирољубиви места, особено Камп Ноу каде има плева од туристи кои одат да ја гледаат Барса, синоќа пред влезот било танзично и играле пендраци.