На 9 средби за Милан годинава, Шпанецот даде само еден гол, но може да биде главен адут на Пипо Инзаги за дербито против Интер во недела, затоа што досега дал 10 гола на комшиските дуели во Ливерпул, Мадрид и Лондон.
Манчестер Сити доби шлаканица пред своја публика од ЦСКА Москва, Азард промаши пенал за триумф, а Меси со два гола го реши Ајакс и го стигна Раул на вечната листа во ЛШ. Осминафинале обезбедија Баерн, ПСЖ, Барселона и Порто.
По дебаклот 1:7 пред 2 недели на Олимпико, Рома сега треба да се појави на реванш против Баерн во Минхен. Во Марибор, Ибраими ќе треба да се потруди да му го заборават промашениот пенал од Стемфорд бриџ.
Саботната победа против КПР не беше доволна Португалецот да биде мирен, по што веднаш по мечот изјави дека неговите играчи немаат поддршка каква што заслужуваат.
Од кога дојде во јануари годинава, 22-годишниот Египќанец упорно сака да го увери Мурињо дека треба повеќе да игра. По вчерашниот потег со Шрузбери во купот, можеби ќе игра повеќе.
Лигата на шампионите продолжува вечерва со натпреварите од третото коло, а мечот на вечерта ќе се игра на Олимпико во „вечниот град". Манчестер Сити во студената Москва пред празни трибини, ПСЖ на Кипар, Барселона против Ајакс во пресрет на Ел класико следниот викенд.
Откако Ирецот изјави дека малку фалело да го нокаутира Специјалниот по некоректниот потег за време на дуелот меѓу Челси и Астон Вила, Португалецот возврати во свој стил.
Австралискиот голман од Челси отворено ги нападна луѓето што се одговорни за организација на Светско првенство во Катар 2022 за кои вели дека мува не ги лази што ќе се игра фудбал на 50 степени во Катар.
Италијанецот е нов тренер на Шалке, откако германскиот клуб реши да го отпушти Јенс Келер поради лошите резултати. Ди Матео заработуваше плата во Челси до јуни годинава, иако беше отпуштен пред 2 години.
Томас Фенеси бил ангажиран да тренира млади фудбалери, но по неколку дена останал без пари и пасош. По 10 месечниот кошмар успеал да се извлече со помош на британската амбасада.
Менаџерот на Астон Вила, Пол Ламберт сакаше да ги одгледа последните минути од натпреварот со Челси и го игнорираше Специјалниот, кој на 3-0 се повлече во соблекувалните. Мурињо доби корпа и од Рој Кин.
Мурињо парично ги казнува играчите за доцнење на тренинг, по што Диего Коста реши да ја превземе работата во свои раце, а Куртоа, Чех, Дрогба и Фелипе Луиз се возеа како компири.
Поранешната икона на Челси си замина од Премиер лигата, после склоп на околности се врати, облече друг дрес и постигна гол против своите со кои се растажи самиот, своите навивачи, но “предизвика“ и смртен случај.
Холандскиот играч кој е блиску до трансфер на „Сан Сиро“ доби пофални зборови од Мурињо, но незгодната повреда го спречи да биде достојна замена за ветеранот Френк Лампард во Челси.
„Специјалниот“ секогаш сака да биде најдобар, но во пресрет на неговиот прв меч сезонава во Премиер лигата изјави дека не е грев ако се заврши втор на крај. Сите негови претходници, заедно со него, со таков пласман добиваа отказ од газда Роман Абрамович.
Некогашниот голем талент во Бундеслигата, Марко Марин не ги исполни очекувањата како неговиот другар и соиграч од Вердер, Месут Озил. Бегалецот од војната во Босна, сега добива шанса во амбициозната Фиорентина каде ќе се обиде да блесне.
Откако се врати на Стемфорд Бриџ, Португалецот успеа да се ослободи од играчите кои беа звучни имиња, вредеа многу, а тој не ги сакаше. Се работи за петмина фудбалери кои не беа по вкусот на Специјалниот, а донесоа профит во касата на Челси.
Челси за новата сезона купи две големи ѕвезди како Фабрегас и Диего Коста, но синоќа од срамен пораз против австрискиот клуб РЗ Пелетс ги спаси тинејџер. Се работи за Жереми Бога роден 1997 година кој почна да игра за тимот од Лондон уште од тимот У12.