Таг: бразил

Нишлијата кој од трета смена во фабрика ќе оди во Рио

Ниш годинава на Олимписките игри во Рио ќе има еден претставник, атлетичарот Ненад Филиповиќ кој по трет пат обезбеди олимписка норма во дисциплината брзо одење на 50 км. Во Бразил ќе патува после трета смена во Јужнокорејската фабрика Јура во Ниш.

Како изгледа Рио на месец дена пред Олимписките Игри

28 видови спорт, 306 медали - сето тоа ќе го гледаме на летната Олимпијада која што за првпат се одржува во Јужна Америка. Каква е ситуацијата таму во моментов?

Олимпијадата во Рио треба да биде одложена или преселена

Барањето доаѓа од околу 150 водечки научници, кои во отворено писмо до Светската здравствена организација порачуваат дека нивната последна студија околу Зика вирусот покажа дека одржувањето на Олимпијадата е "неетичко."

Во пресрет на Копа Америка

САД ќе бидат домаќин на јубилејната Копа Америка Сентенарио која годинава слави 100 години од одигрувањето на првиот таков турнир на кој се појавуваат сите најголеми ѕвезди од овој дел на светот.

Премиера на новиот филм за Пеле

Во салите ширум Европа од 26. мај ќе игра филмот „Пеле – раѓањето на легендата", којшто го раскажува патот на О'Реи (Кралот) од сиромашните почетоци до големиот триумф над Шведска на Мундијалот каде се роди митот за Пеле.

Новата постава на Бразил

75-годишниот адвокат Мишел Темер е новиот претседател на Бразил. Кратката рецензија на неговиот нов кабинет е: првиот избор за министер за наука му беше креационист, а за министер за земјоделие избра земјоделски тајкун кој до сега е одговорен за дефорестација на огромни парчиња од Амазон. По пат, Темер е првиот претседател во изминатите децении што нема жени во својот кабинет.

Кој е малиот за кој Баерн даде 35 милиони евра?

Репрезентативецот на Португалија кој има 18 години, Ренато Санчез ги поминал медицинските прегледи во Баерн Минхен и денес потпишал договор според кој Бенфика ќе заработи 35 милиони евра. Румениге изјави дека одамна не видел дака доминантен фудбалер како Ренато. Во меѓувреме од Дортмунд соопштија дека Матс Хумелс е продаден за 38 милиони евра во Баерн Минхен.

Најбразилскиот потег во Копа Либертадорес

Коринтијанс со 6:0 го победи Кобресал во групната фаза од Копа Либертадорес синоќа, а двојниот стрелец Марлоне го постигна можеби голот на сезоната во Јужна Америка.

Како пропадна бразилската економија

Бразилците во просек во пензија одат на 54 години, а одредени државни службеници, војни функционери и политичари добиваат по неколку пензии што заедно можат да достигнат над 100.000 долари годишно. По нивната смрт пензиите ги наследуваат сопругите или ќерките, и имаат право на нив до крајот на животот.

Сите се враќаат, па и Фабио Симплисио

Поранешниот играч од средината на теренот на Парма, Палермо и Рома после 16-месечна пауза решил да се врати на теренот. Ако тогаш изгледаше дебел, сега...

Голман ксметлија во Бразил

Колку чудна, толку и среќна парада на голманот Рафаел Робаљо за време на мечот меѓу Глорија и Интернационал во Гаучо првенството на Бразил.

Џалмиња - Човекот што можеше да стане крал

Совршениот дриблинг и фантастичната техника обично одат во комбинација со пргавиот темперамент, карактерна црта која што не му дозволи на еден од најдобрите бразилски техничари во ’90-те години да стане уште поуспешен фудбалер.

Што мислеше Халк со шутов?

Левицата му е како динамит, има силен шут и секој удар кон противничкиот голман е пола гол. Ама кога е непрецизен, непрецизен е како никој друг.

Иднината на најсилните осум фудбалски репрезентации

Паузата во клупскиот фудбал за време на која гледаме репрезентативен е можност да видиме со каква младина располагаат водечките селекции во светот или поточно кои се играчите од кои се очекува да го понесат најголемиот товар.

Гаринча - радоста на сиромашниот Бразил

За него играњето на Светско првенство било како и играње во дворот на фабриката во која работел. Сакал само да игра фудбал, не му значела победата и не трчал по славата. На крајот ги кренал рацете и се предал во борбата со бразилската лута Кашаса.

Лудиот Ирец и неправдата на Игрите во Атина 2004

Еден од најдобрите бразилски маратонци во историјата, Вандерлеи Де Лима ќе ја памети Атина додека е жив, но поради лудиот Ирец кој не му дозволи да стигне до златниот медал.

За ваков ли Рио зборувавме?

На шест месеци од ОИ 2016 во Рио, најпроблематична и контроверзна тема е заливот Гуанабара, каде што се планираат борби за медали во едрење, триатлон и пливање на отворено. Заливот е цел со фекалии.

Викаш техничар, мислиш Марсело

Бразилецот Марсело не само што достојно го замени легендарниот Роберто Карлос по левата страна на Реал, туку и го надмина по многу нешта. Ретко кој лев бек има таква техничка поткованост како него.

Книги како билети за метро

Ем реклама, ем добро потрошено време дур се клацкате низ градскиот превоз - книги со десет гратис возења, и картичка која потоа може да се надополни или да подари. 

Да му дадеме македонски пасош на Бразилецов

Кога веќе возот тргна надолу годинава, а претходно имавме срамна 2015-та во која ги одигравме најслабите квалификации и го достигнавме најлошото 139-то место на ранг листата на ФИФА, да почнеме да увезуваме странци.

Мурињо од џакузи слуша понуди

Мирор нè носи во Нанаи ресортот во Бразил каде Жозе Мурињо решил да одмори за Нова година по клоцата која што ја доби на Стемфорд Бриџ, каде навивачите и натаму го скандираат неговото име.

Мистеријата со украдениот пехар за Светско првенство

На 19 декември 1983. година бил украден златниот трофеј наменет за освојувачот на Светското првенство, тогашен Куп на Жил Риме, првиот претседател на ФИФА.

Бразилски репрезентативец казнет 1 година

Бразилскиот репрезентативец Фред е суспендиран на една година, откако паднал на допинг тест во јуни годинава за време на мечот од Копа Америка во Чиле, пренесува Newax.com.