Фразата “Политиката надвор од спортот“ секогаш била само пуста желба и далеку од вистина. Тоа деновиве се потврди во Браазил каде на претседателски избори победи кандидат околу кој се подели земјата а имуни не останаа ниту спортистите и фудбалските клубови.
Еден од најголемите во историјата, Бразилецот кој го добил прекарот „О’Реј“ (кралот) не постигнал гол после кој со денови се раскажувало за него. Едноставно роден мајстор за фудбал. Генијалец.
Родриго Коха е 38-годишен бразилски сурфер кој покорил гигантски бран висок 24,3 метри. Претходниот рекорд го држеше Американецот Гарет Мекнамара кој во 2011 година сурфал на бран висок 23,7 метри.
Белгија е во полуфинале на Светско првенство првпат после 1986-та година. Откако го збришаа и петкратниот светски првак и закажаа мега-дерби со Франција во полуфиналето, славјето ширум земјата траело цела ноќ.
Четврфиналната програма започнува со дуелот Франција - Уругвај. Победникот од овој меч во полуфинале оди на подобриот од Бразил - Белгија. Отсутни повредениот Кавани и „пожолтените“ Каземиро и Матуиди.
Уште една сјајна исповед на голема супер ѕвезда за The Players Tribune. Паулињо раскажува што сè го снашло во животот и како го зачуди светот кога од кинеската лига каде игра на заоѓање на кариерата, потпиша со Барселона.
Во 69’ минута од осминафиналето Бразил - Мексико, Мигел Лајун не можеше да ги издржи театралните падови на Нејмар па во еден момент не се исконтролира и го стапна на ногата после што Бразилецот се вртеше како да го пукаат.
48 натпревари кои ги одиграа 32 селекции на Светското ги одредија учесниците во осминафиналето. Не очекуваат уште интересни дуели и одговор на прашањето дали ќе гледаме средба меѓу Меси и Роналдо (ако Аргентина и Португалија ги поминат Франција и Уругвај).
Бразилците не блеснаа до сега на Мундијалот, ама вака така го освоија првото место во групата, а тоа го прават во страшно долга низа од 10 пати по ред.
Карлос Жуниор навива за Бразил со цело срце. Тој ги гледа натпреварите на „кариоките“ со помош на своите другари. На дуелот со Костарика еден од другарите го држи Жуниор за раце и на мини-теренче му ги покажува комбинациите на Бразил кога Кутињо даде гол а другиот му дава тапанче да прослави.
Бразил и Швајцарија се новите осминафиналисти на Мундијалот во Русија. Бразил не одигра ништо посебно против Србија, но не дозволи изненадување, а Коста Рика со смешен пенал во 93-та стигна до реми против Швајцарија. Нејмар глумеше како никој.
Во второто коло од групата Е на Светското првенство, Костарика оддолеваше до 91’ минута кога Кутињо го скрши отпорот, го совлада Кејлор Навас за на крај Нејмар да го запечати триумфот.
Кога нема да го отвориш сајтот на ФИФА или Википедија и нема да издвоиш барем пет минути за основни информации околу Мундијалот, може да ти се случи и Велес да го бараш во Шведска.
Бразилците важат за едни од најносталгичните луѓе по својата земја. Во една емисија на бразилска телевизија каде ги враќаат познатите личности во нивното детство, најдобриот фудбалер на „Селесао“ не можеше да се воздржи да не заплаче.
Многу фудбалери од оваа земја имале тешко детство во сиромашните фавели. Еден од нив е и Каземиро кој никогаш не заборавил од каде потекнува и покрај тоа што заработува милионски суми во Реал Мадрид.
Кој е најголем играч на Светските првенства, праша ФИФА, а фановите одговорија: Алсидес Гиџа, човекот кој на 16 јули 1950-та му го донесе на Уругвај вториот златен пехар на четвртиот Мундијал. И тоа со гол за 2:1 против фаворитот Бразил во 79-та минута пред 200.000 луѓе на Маракана. Ден кој бил сметан за национална трагедија во земјата на фудбалот.
Еден од најпрепознатливите фудбалски дресови на светот сигурно е оној на „Селесао“, бразилската фудбалска репрезентација. Овој дрес веќе 40-ина години трпи мали промени со цел да се сочува традицијата.
Точно 20 години по легендарниот Мундијал во Франција, во Бразил се сними слична реклама како за тоа Светско. Само тогаш со легендарните Роналдо, Ромарио, Денилсон, Леонардо, Кафу, Лусио, а сега со некои нови клинци.
Висок, слаб, тенок, со неверојатна левица каков што беше во текот на целата кариера, таков бил и при своите почетоци во Бразил кога уште го знаеле само локалците.
Растел без татко, лутал по фавелите на Сао Пауло и сфатил дека само со напорни и исцрпувачки тренинзи ќе стигне до врвот. Сега е незаменлив штраф од машината на Реал Мадрид со кого освои сè што може да се освои.
Се вика Касио. Има 30 години и брани за славниот Коринтијанс. Со неговите најблиски во луксузниот дом во Сао Пауло на телевизија дознава дека ќе биде трет голман на Бразил на Мундијалот во Русија и полудуваат од среќа.