Трогателна реакција на Бразилецот од Реал кога се напи јогурт за кој немал пари

Многу фудбалери од оваа земја имале тешко детство во сиромашните фавели. Еден од нив е и Каземиро кој никогаш не заборавил од каде потекнува и покрај тоа што заработува милионски суми во Реал Мадрид.

 

„Кога ќе помислам на тоа што сега имам... Извинете.

Кога како мал поминував покрај продавницата, а јогуртот чинеше 20 центи...

Чинеше 20 центи, а мајка ми ме влечеше и ми викаше дека треба да одам дома, затоа што немав пари да купам.

Сега кога се враќам во Бразил, а во Бразил е полесно да се купи... Дома јас секој ден го пијам тој јогурт. Можам да испијам повеќе од педесетина шишенца на ден и тоа не е добро...

Но, го пијам толку многу зошто тоа беше нешто што најмногу го сакав како дете а не можев да го пијам“, низ солзи трогателно раскажа Каземиро.

Бразилецот одигра веќе четири сезони за Реал Мадрид. За тоа четири пати ја освои Лигата на шампионите - 2014, 2016, 2017, 2018. Во сезоната 2014/2015 беше позајмен во Порто.

Приказната за неговиот фубалски пат тука.