Таг: бразил

Фелипе Луиз му одржa предавање на Нејмар

Тренингот на Бразил беше прилика, бекот на Челси да му покаже на Нејмар дека не се само напаѓачите технички добро потковани.

Розберг го освои Бразил пред големото финале

Возачот на Мерцедес триумфираше на патеката Интерлагос и така ја сочува надежта дека може до титулата пред последната трка од сезоната. Луис Хамилтон втор, Фелипе Маса трет.

Роналдињо на тренинг ја залепи од прва

Од некој друг би се одбила како од дрво, а Бразилецот покажа како се потпишува со топката.

Зошто во Латинска Америка е забрането да не се гласа

Викендов и Уругвај и Бразил одржуваа избори (кај првите ќе има втор круг, кај вторите Вилма доби втор мандат) за кои заедничко е што секој граѓанин мораше да излезе на гласање. Освен овие две, во Латинска Америка има уште 11 држави во кои гласањето е задолжително (во свет се вкупно 30).

Нејмар ги наполни Јапонците со 4 гола

На пријателски меч во Јапонија, бразилската ѕвезда запна да си го зголемува бројот на голови за репрезентација. На само 22 години стигна до 40 на 58 натпревари и е петтиот најдобар стрелец за Бразил.

Луис „без мозок“ Фабијано

Напаѓачот на Сао Пауло има 32 години, фудбал игра од својата 15-та и уште не научил дека противникот не се удира никогаш, а камоли пред очите на судијата.

Дунга го изостави Маикон и го викна Додо

Новиот селектор на Бразил, Карлос Дунга полека ја враќа селекцијата во нормала по дебаклот на СП 2014 и проблемите со Маикон.

Женска бразилска мајсторија

Бразил и Германија повторно летово се соочија на едно Светско првенство, овој пат за жени до 20 години. Германките блеснаа слично како нивните постари колеги со 5:1, а потегот на мечот го имаше Бразилската Бјанка.

Кралот и лажниот мит за 1281 гол

Во ситуација кога никој не може да му ги оспори трите освоени Мундијали (Купот Риме, наречен поради Жил Риме), фамозниот гол против Шведска, големата љубов кон фудбалот, техниката и професионалноста, спорна е тежината на вкупниот број голови кои ги постигнал Пеле.

Дунга го враќа образот на Бразил

Поранешниот селектор на Бразил повторно се враќа на клупата на Селекао. Од 2006 до 2010 го водеше Бразил, никогаш не стигна до полуфинале, но и никогаш не загуби 7-1.

Продолжува фудбалот во Бразил

По срамната елиминација на Бразил кој се обиде преку Светското првенство да го сплоти незадоволниот сиромашен народ кој жестоко протестираше низ улиците, страста кон фудбалот во оваа земја ќе треба да се поврати преку националното првенство.

Разликата помеѓу Бразил 2002 и Бразил 2014

Пред стартот на Светското аналитичарите и кладилниците за фаворит го сметаа Бразил, но не размислија дека новиот бран на млади играчи во составот на Сколари не може така лесно да стигне до пехарот само затоа што е домаќин. Бразилците стигнаа до тронот пред 12 години со истиот селектор, но со друга искусна банда која царуваше на секој дел од теренот.

Нов дебакл и свирежи за крај на Бразил

Избраниците на Луис Фелипе Сколари на најнеславен можен начин ја завршуваат мундијалската авантура пред својата нација од 200 милиони жители. По срамната седумка од Германија, Бразилците примија нови три голови од Холандија.

Меѓу Бразилците се кријат мајстори за билијард и сликање

Само еден репрезентативец на Бразил ја имаа таа привилегија во сите досегашни клубови во кариерата да освојува шампионски титули со својот Ибрахимовиќ. Еден од напаѓачите пак (не е Нејмар) ја пали женската нација со својот задник.

Репортер со германски дрес меѓу Бразилци

Украинец со дрес од Германија и шал од Бразил известува за дебаклот на домаќините. Го имавме тажниот и очајниот, а сега го имаме и најфрустрираниот цреп кој непотребно му се истури на репортерот. Вината треба да ја бара тука.

Доколку уште не ви е јасно за Бразил

Аналитичарите кои сè уште имаат мака да објаснат како се им се случи резилот на домаќините, нека обрнат внимание само на периодот од 23 до 29 минута од мечот. Таму лежат клучните причини за срамот на Бразил кој колабираше за само 6 минути поради заспаната одбрана.

Трауми од Германија

Во ситуација кога имаме тапа полуфинале за кое освен пеналите нема што друго да се запише, се враќaме уште еден ден порано кај навивачите на Бразил.

Најнеочекуваните фудбалски резултати низ историјата

Бразилците без Нејмар и Силва влегоа ослабени против Германија, но ретко кој очекуваше дека ќе окркаат седмица. Разни шокантни епилози од натпревари сме гледале и во минатото, како на пример примените шест голови на Манчестер Јунајтед или титулата Европски шампион за Грција.

Резил на Бразил со рекордни седум примени голови

Германската машинерија испиша нова историја на 20 Светско фудбалско првенство. Со триумф од 7:1 немилосрдните избраници на Јоаким Лев ја остварија највисоката победа на полуфиналните средби на Мундијалите.  

Бразил и Германија во поновата мундијалска историја

Великаните на светскиот фудбал редовно стигнуваат до завршницата на Мундијалите. Петкратниот Светски шампион има одиграно 11 полуфиналиња на кои загубил само еднаш во 1938. За Германците ова е четврто во низа, но го немаат поминато од 2002 година.

„Кариоките“ влегоа во полуфинале

Фудбалерите на Бразил остануваат во игра на најголемиот спортски настан благодарените на дефанзивните фудбалери кои со два погодока ја израдуваат домашната спортска нација. Полуфиналето помеѓу Бразил и Германија ќе биде финале пред финалето.

Бразил преку пенал рулет до четвртфинале

Селекциите на Бразил и Чиле ни приредија 120 минутна фудбалска претстава и драматична пенал серија во првата осминафинална пресметка на која домаќините имаа повеќе среќа и останаа на планетарниот собир.