Каталонскиот тим се врати дома по трите контролки против Лос Анџелес Галакси, Манчестер Јунајтед и Челси кои повеќе служеа за парада. Актуелниот шампион на Европа на три средби собра околу 240.000 гледачи.
Иако беше заборавен неколку децении по смртта, по серијата текстови и документарци, се враќа сеќавањето на Патрик О'Конел, човекот што ја сочува Барселона од режимот на Франко, а на Бетис му ја донесе првата и единствена титула.
Во финалето на шпанскиот Кралски куп, навивачите на Барса и Атлетик Билбао свиреа додека се интонираше шпанската химна. Фудбалскиот сојуз ги удри по касите за тоа.
Бартомеу го победи противкандидатот Жоан Лапорта, кој беше претседател на клубот од 2003 до 2010 година. Кампањата помина бурно, со ниски удари и високи тонови.
Извлечен е календарот и паровите во шпанската Примера, каде Реал Мадрид и Атлетико ќе имаат лесна задача во првото коло, а Каталонците ќе гостуваат на секогаш тврдиот Сан Мамеш.
Шпанскиот клуб којшто служи 1-годишна забрана за трансфери од ФИФА, доби уште една неповолна вест откако Данска им забрани да отворат фудбалска академија во оваа земја.
На прашањето дали би сакал куќа на море како Меси и Маскерано или на планина како Пике и Педро, Арда Туран одговара дека сака да е подалеку од центарот.
Шпанските медиуми уште во понеделникот објавија дека Арда Туран е нов фудбалер на Барселона, а денес избунариле по архивите и нашле интересен податок поврзан со Турчинот и Барса.
Ла Масија e расадник на големи таленти. Идејата за формирање на овaa академија е на легендата Јохан Кројф. Голем број деца на овој клуб успеале и во првиот тим на Барселона, но има и многу кои не можеле да се наметнат.
Кандидатот со најголеми шанси да стане старо-нов претседател на Барселона изјави дека поранешниот француски репрезентативец Ерик Абидал ќе биде технички секретар во управата, доколку тој победи на изборите во клубот.
Фудбалската академија Ла Масија одлично ги негува своите таленти кои во големата конкуренција се борат еден ден да стигнат до прв тим. Еден од сериозните кандидати за таму е 12 годишниот Чави Симонс.
Алексис Санчез е еден од оние фудбалери на кои животот му поделил лоши карти, но на крајот ја добил партијата. Објаснува дека ситно трча на теренот, затоа што како мал играл бос и ги избегнувал камењата.
По новата тројна круна освоена со Барса сезонава, на Жерар Пике ќе му треба време за да ги изброи сите трофеи во богатата кариера. Од помош во броењето може да му бидат сите мрежи што ги исече по шампионските славја.
Шампионот на Шпанија не ја заврши сезоната со победа во последното коло, во кое на домашен терен ја пречека екипата на Депортиво Ла Коруња која се бореше за опстанок.
Поради забраната за трансфери, најновото засилување на Барселона, Алеикс Видал од Севиља ќе мора да чека до јануари следната година кога би можел да дебитира за актуелниот европски првак.
Финалето од ЛШ во Берлин за Италијанците беше потсетување на Мундијалот кој го освоија пред 9 години на истиот стадион. Фанатик за фудбал најде сличности меѓу голот на Дел Пјеро и акцијата на Италија која почна со интервенцијата на Канаваро со третиот гол на Барса.
По освојувањето на Примера и Копа дел Реј, фудбалерите на Барселона со тројна круна ја заокружија перфектната сезона. Големата победа во Берлин ја запечатија Ракитиќ, Суарез и Нејмар, а неизвесност за момент на мечот донесе Мората.
Каталонците во Берлин вечерва одат на петта европска круна. Предводени од Меси тие ги освоија сите три финалиња во 2006, 2009 и 2011 година. Јуве има освоено две, но ги загуби сите три претходни финалиња. Буфон, Пирло и Барѕаљи се враќаат со убави спомени во Германија.
Осуммина се, а Мартин Касерес е единствениот меѓу нив кој прво играл во Јуве, па во Барса. Тој заедно со Златан Ибрахимовиќ се единствени активни играчи на оваа листа, која ја правиме по повод утрешниот празник во Лигата на шампионите.
Творецот на најважните голови во историјата на шпанскиот клупски и репрезентативен фудбал ќе биде спремен за саботното финале на Лигата на шампионите против Јувентус.
Задутре во Берлин, Барселона ќе има прилика по петти пат да го крене трофејот од ЛШ, а Јувентус ќе игра за третата европска титула. Според букмејкерите, Барселона е фаворит.
Пред саботното финале од Лигата на шампионите, УЕФА одлучи да организира меч на ветераните на Јуве и Барса против легендите на светскиот фудбал. Каталонците не сакаат Луис Фиго да игра за нив.