Добра вест од Барселона за селекторот Љубинко Друловиќ пред продолжението од квалификациите за ЕП 2016 и дуелите против Луксембург (5. септември) и Шпанија (8. септември). Давид Бабунски по едногодишна пауза повторно тренира со првиот тим на Барса.
ЛШ започнува на 15. септември, а завршува на 28. мај во сабота со големото финале на Сан Сиро во Милано. Фазата по групи ќе заврши на 9. декември, а потоа од 16. февруари се продолжува со осминафиналните натпревари.
УЕФА одлучи од сезонава да го смени системот на рангирање. Најважнија промена е онаа која не дозволува во првиот шешир да се најдат клубовите кои не се шампиони на своите земји. Тренерот на Барса Б, Жерар Лопез бил фасциниран од формата и работата на постариот од браќата Бабунски, по што во консултации со Луис Енрике решиле Давид да тренира со првиот тим.
Офанзивниот играч лани не се наигра многу, а Барса Б испадна од втора во трета лига. Со Давид Бабунски во првиот тим на Каталонците тренираат уште и Гумбау, Сампер и Камара од кои првиот и последниот добија шанса за мечот од првото коло против Атлетик во Билбао.
Дневниот лист Спорт од Каталонија пренесува дека не би било чудно ако Давид Бабунски биде на клупата за резерви за мечот против Малага на Камп Ноу предстојниот викенд.