Турнејата на Барселона во 10 точки

Каталонскиот тим се врати дома по трите контролки против Лос Анџелес Галакси, Манчестер Јунајтед и Челси кои повеќе служеа за парада. Актуелниот шампион на Европа на три средби собра околу 240.000 гледачи.

20.619 км

За 10 дена, Каталонците патуваа од Барселона до Лос Анџелес, од Лос Анџелес до Сан Франциско, потоа до Вашингтон и денеска се вратија дома.

11 тренинзи

Луис Енрике често потенцира дека најважната работа во оваа фаза е тренирањето, а не резултатите од пријателските средби.

Три натпревари

Победа, реми и пораз. Тоа е исходот од пријателските мечеви на Барса против Лос Анџелес Галакси, Манчестер Јунајтед и Челси.

240.556 гледачи

Европскиот шампион на трите средби собра скоро четвртина милион луѓе на стадион

Серхио Роберто

Со 225 одиграни минути, Роберто одигра најмногу на турнејата, а после него се Рафиња, Суарез и Алба.

Тројца првотимци

Адријано, Луис Суарез и Серхио Бускетс се единствените тројца играчи кои беа стартери на трите средби.

6 примени голови

Тимот на Луис Енрике прими еден гол од Галакси, два од Челси и три од Јунајтед.

Два жолти картони

Жорди Алба и Метју се единствените двајца играчи кои добија жолти картони на турнејата.

Опрема

Играчите ги носеа и двата копмлета со дресови. Против Галакси и Јунајтед играат со првите дресови, а против Челси со вторите.

29 јули 2015 - 15:03