Под тренерската палка на големиот Антиќ поминале фудбалери како Чави, Иниеста, Диего Симеоне, Овермарс, Пујол, Де Бур, Пантиќ, Љубо Пенев, Георге Хаџи, Јеро, Маноло.
Трофејниот српски тренер кој седеше на клупата на најголемите шпански клубови Реал, Барселона и Атлетико Мадрид, починал во клиниката „Рубер“ на 71 година во главниот град на Шпанија, од сепса и проблеми со панкреатитис.
Откако веќе една недела траеа шпекулациите околу тоа зошто фудбалерите на Барселона наводно го одбиле првиот предлог на управата за намалување на платите за 70%, збор зема капитенот на екипата и најдобриот фудбалер на светот.
Цел спорт застана поради коронавирусот. Фудбалерите седат дома како и сите други во карантин и сонуваат кога пак ќе истрчаат на терен со преполни трибини.
На 23-ти март се навршија 4 години од смртта на еден од најголемите европски фудбалери на сите времиња - Јохан Кројф. За тоа каков бил како човек надвор од теренот раскажа Роналд Куман, неговото фудбалско дете.
Белгискиот репрезентативец Дрис Мертенс постигна голчиште против Барселона со кое го стигна Хамшик на листата најдобри стрелци во историјата на Наполи. Возврати Гризман кој и донесе на Барса поволен резултат пред реваншот. Челси е со една нога во аут.
Кога камерата во текот на еден пренос го дава во кадар Пеп Гвардиола, речиси никој не знае кој е човекот кој седи или стои во негова близина. Станува збор за икона на шпанското ватерполо, рекордер по број на настапи и голови и личен советник на Пеп Гвардиола со кого освојуваат трофеи насекаде.
Во полуфиналето на шпанскиот Куп не само што нема да биде Реал Мадрид, туку и Барселона, која во четвртфиналето испадна во Билбао каде прими гол буквално во последните секунди од мечот. Реванши не се играат во оваа фаза.
Иако од страна делува дека на „Камп Ноу“ навидум сè е ко подмачкано, последните информации од шпанските медиуми пишуваат тотално спротивно. Абидал ги обвини играчите, Меси го обвини Абидал.
Имало многу такви најави за наследници на Марадона, Меси и Роналдо, ама досега ниеден не ги оствари тие предвидувања. Овојпат, Барселона од португалска Брага го купила Франсиско Тринкао, 20-годишен крилен напаѓач за кого издвоиле 31 милион евра и кој на „Камп Ноу“ ќе дојде на 1. јули.
Управата на Барселона, конкретно спортскиот сектор веќе некое време работи непрофесионално а тоа се одразува и на резултатите. Последна заврзлама е во случајот со шпицот Седрик Бакамбу.
Едер Сарабиа е еден од неколкуте асистенти тренери на Кике Сетиен. Кога главниот тренер му рекол да му каже на Видал да се загрее, Сарабија да не урла покрај аут линијата, само направи еден потег.
Во 1/16 финале од шпанскиот Кралски Куп, Барса гостува кај Ибица Елвиса, третолигаш од Сегунда Б дивизија. Новиот тренер Кике Сетиен се реши да играат Де Јонг, Гризман, Ракитиќ, Ленгле па и малиот Фати, ама после 45 минути губат со 1:0. Примија гол во 9' минута од Кабаље.
Каталонците синоќа го пробија бедемот на Гранада дури на 15 минути пред крај и славеа 1:0. Бускетс е Мојсовски, Меси е Миркуловски, Гризман е Манасков. а Видал е Столе. Вака оди тоа.
Шеесет и едно годишниот нов стратег на Барселона има многу интересно портфолио. Во минатото работел на разни места, а најинтригантно е што бил дури и селектор на репрезентацијата на Русија во фудбал на плажа.
Барселона реши и отиде до крај - сред сезона го отпушти тренерот Ернесто Валверде и набрзо назначи негов наследник. Станува збор за интересен човек чија фудбалска филозофија е доста почитувана во Шпанија.
На последните пет меча Каталонците имаат само една победа: нерешено со Сосиедад, неубедливо Ел Класико (0:0), нерешено на дербито со Еспањол (2:2), и последна капка која ја преполни чашата е испаѓањето од Супер купот на Шпанија од Атлетико Мадрид.
Кога Барселона води 2:1 на 10 минути до крај, тогаш лотарија од ептен ретки размери е да погодиш дека ќе загуби. Синоќа во полуфиналето на Супер Купот се изгубија позади и мислеа дека играат против Елче. Атлетико им направи пресврт во 81-ва и 86-та.
Во петокот Манчестер Сити гостуваше кај Вулверхемптон и водеше 2:0 со играч помалку. Во второ полувреме примија три гола и изгубија. Почетокот на лудиот кам-бек го направи Адама Траоре кој сезонава веќе постигна 4 гола и има 4 асистенции.
Сигурно приметивте дека почетокот на вториот дел од мечот Барселона - Реал Мадрид се одложи на кратко. Во кадарот од преносот не дадоа како стјуардите ги собираа топките кои летаа на терен од трибините во знак на протест.
Во 178 Ла Лига Ел Класико кое се игра од 1929 година, и двата клуба имаат по 72 победи, така што некој вечерва би можел одново да има подобар учинок во меѓусебните дуели.
По одличните настапи во НБА, Никола Миротиќ се врати во Европа и стана главен играч на Барселона. Важи за голем хуманитарец, човек кој несебично помага социјално загрозени семејства, донира за изградба на домови и уште многу нешта. Последно од него е што му помогнал на еден обичен смртник, иако за тоа немал реална потреба.