Нико Пачински е еден од најомилените фудбалери во историјата на Сент Паули. Во 2002-ра го матираше Оливер Кан за историската победа против Баерн Минхен, а потоа сите пари ги потрошил на коцка и сега работи во погребални услуги.
Се што имате од обврски и планови за викендов направете ги во сабота, бидејќи ден потоа следува можеби најфудбалски ден во годината во кој имаме за уживање две дербија во Англија и по едно во Шпанија, Италија, Германија, Франција и Холандија.
Срамни промашувања пред гол, неочекувана петица на Левандовски, џокерот на Ван Гал, Колер како голман, скршените цвикери на Клоп, однесување на Кан. Викендов се игра најголемото германско дерби меѓу двете екипи кои се без пораз во Бундес.
Второто коло од Лигата на шампиони донесе неколку изненадувања. БАТЕ Борисов ја тресна на домашен терен Рома со 3:2, а со ист резултат Олимпијакос го замолкна Емирати. Челси е поразен во Порто, а Левандовски продолжи по старо.
Напаѓачот на Баерн Минхен постигна 10 голови на 7 меча, што е најдобар старт во последниве 40 години во Бундеслигата, а Обамејанг стрелаше на сите досегашни меча за Борусија оваа сезона. Овие двајца голгетери ќе играат еден против друг во следното коло.
Напаѓачот на Баерн Минхен петтиот гол против Волфсбург го даде од неговиот десетти допир со топката. Марио Балотели толку голови не успеа да даде за цела сезона во Ливерпул, а во Шпанија пола лига нема дадено 5 гола во првите 4 кола.
Навивачите на Баерн Минхен ќе го паметат гостувањето во Пиреја по убедливата победа од 0-3, но и по бруталниот ќотек кој го добија од грчката полиција.
Раководството на Баерн Минхен ќе отвори посебен камп за децата бегалци каде ќе тренираат, ќе посетуваат часови по германски и ќе добиваат бесплатни оброци. Клубот ќе донира 1,1 милион евра за овој проект кој го започна со нивното појавување на терен пред 75.000 навивачи кои аплаудираа.
Со натпреварите од првото коло во групната фаза, вечерва започнува 23. сезона на Лигата на шампионите во која никогаш никој не ја одбранил титулата освоена претходната сезона.
Германските навивачи први ја дадоа поддршката за бегалците од блискиот исток, Баерн Минхен и Реал Мадрид понудија донации од по милион евра, а последни со транспарент излегоа фудбалерите на Борусија Дортмунд. Во Македонија за сега се огласи само една навивачка група.
На 24 август 2001 година, Ливерпул го победи Баерн Минхен 3-2 и го освои Супер купот на Европа. Стрелци на головите за Црвените беа Рисе, Хески и Овен, а за Баерн Салихамиџиќ и Карстен Јанкер.
Во Јувентус имаше помош од Пирло, а во Баерн има поголема одговорност и треба да ја земе топката од бековите за да ја изнесе надвор. Се случува да заборави да го направи тоа, па го нервира тренерот Гвардиола.
Раководството на Баерн Минхен го опоменало Мароканецот да престане да ги слави головите со имитирање на пукање од митралез и тој ги послуша уште во првото коло.
Баварците се трети во Европа по приходи и ќе бркаат историски подвиг, а тоа е да станат првиот германски клуб во историјата со четири освоени титули во низа.
Англиските клубови немаат осет со цените на годишните карти, а доколку истата политика би имале можност да ја применат во Бундеслигата ќе бидат постојано бојкотирани. 10.000 Германци во знак на револт наместо на гостување, ќе одат да го гледаат вториот тим на Борусија.
Нема секогаш потреба од паника, редари, полиција кога некој ќе влезе на терен. Давид Алаба од Баерн Минхен ќе ви покаже како се прави тоа најдобро. Пред мечот ја испрати до своето столче, а по мечот се врати да и го даде дресот.
Бастијан Швајнштајгер е нов играч на Манчестер Јунајтед, а на навивачите на Баерн Минхен тешко им падна заминувањето на човекот со кого во претходните 17 години освоија сè што можеше да се освои.
Прилепчанецот Никола Брајановски возеше 100км со точак до Охрид за во друштво да го следи полуфиналето од ЛШ против Барса, а Александар Змејкоски на Олимпико во Рим имаше можност да гледа како неговиот омилен тим победува 7:1. Ви ги претставуваме навивачите кои не трепкаат кога игра Баерн.
Уве Биндел е еден од тие навивачи на кои им е поважен фудбалот од годишнината со жена му која наместо на одмор, за 20 години од брак ја однел во Баварија да гледаат финале во Лига на шампиони. Ќе го стегнеше срце кога по 32 години се сретна со идолот.
Беше позната како Генерација 1992-ра. Пред 16 години во „ноќта во Барселона“ испишаа историја и го освоија треблот (првенство, куп и ЛШ) во иста сезона. Што се случи со фудбалерите од таа генерација и каде се сега?