Топката е кај Левандовски, 150.000 лајкови за два часа

Напаѓачот на Баерн Минхен петтиот гол против Волфсбург го даде од неговиот десетти допир со топката. Марио Балотели толку голови не успеа да даде за цела сезона во Ливерпул, а во Шпанија пола лига нема дадено 5 гола во првите 4 кола.

На Роберт Левандовски денеска му честита цел фудбалски свет за историските 9 минути кои ги направи на синоќешниот дуел против Волфсбург. Баерн пред своја публика на полувреме губеше 0:1, а Пољакот влезе во 46 минута и од 51-ва до 60-та им го наполни голот пет пати.

Топката од мечот заслужено е во негови раце, а сликата во првите два часа собра 150.000 лајкови и скоро 3.000 коментари.

Левандовски даде повеќе голови за 9 минути од:

- Ливерпул, Њукасл и Вест Бромвич Албион оваа сезона

- Шест екипи од Бундеслигата

- 11 екипи од Примера

- Седум екипи од Серија А (Интер е лидер со 5 постигнати голови)

- Вејн Руни во 2015-та

- Марио Балотели за цела сезона во Ливерпул

- Никлас Бентнер во последниве 3 години

Рекорди:

- Левандовски го даде најбрзиот хет-трик во Бундеслигата постигнат за 4 минути. Потоа го постави истиот рекорд со 4 голови, а на крајот и со 5.

- Стана првиот играч во Бундеслигата кој како замена постигна повеќе од три голови.

- Пољакот ги постигна најбрзите 5 голови во најсилните европски првенства откако OPTA се занимава со статистика.

- Му фалеше само еден гол за да го стигне рекордерот во Бундеслигата со 7 голови, Диетер Милер кој на мечот Келн – Вердер Бремен 7:2 во 1977 година постигна шест голови.

- Левандовски е третиот играч на Баерн кој постигнал 5 гола на еден меч. Герд Милер тоа го стори три пати и еднаш Хенер Дитер.

Изјавата на Филип Лам:

„Треба да се биде критички настроен, Левандовски можеше да даде седум голови, тој промаши две големи шанси".

Изјавата на тренерот на Волфсбург:

„Што можам да кажам? Напаѓач од светска класа шутна пет пати кон гол, а можеше да даде седум голови".

23 септември 2015 - 13:23