Перо Антиќ го одигра најдобриот натпревар до сега во НБА. Тој постигна за него рекордни 12 поени против екипата на Мајами Хит на натпревар на кој Атланта го забележа и петтиот пораз оваа сезона.
Џеф Тиг со рекордно издание во неговата кариера ја предводеше Атланта до победа против Филаделфија на натпревар на кој тренерот Баденхолцер повторно му даде одмор на Перо Антиќ.
Атланта Хокс ја забележа четвртата победа по седум одиграни натпревари во НБА лигата. „Јастребите" славеа на гостувањето кај Шарлот Бобкетс, а Перо Антиќ доби заслужен одмор од тренерот.
Нашиот претставник во најквалитетното кошаркарско натпреварување го одигра за него рекордното време на паркетот и постигна најмногу поени до сега во НБА лигата, но Атланта Хокс забележаа минимален пораз на гостувањето кај Денвер Нагетс.
Сакраменто Кингс им станаа редовни пациенти на Атланта Хокс. Кошаркарите на Атланта ја забележаа 11-та победа во серија над овој тим, а ова воедно е прв гостински триумф за Атланта и Перо Антиќ оваа сезона.
Атланта Хокс на Перо Антиќ го забележа вториот пораз на третиот натпревар во новата сезона на НБА лигата. Овој пат Атланта беше блиску до изненадување во Лос Анџелес, но на крајот Лејкерси победија со 105:103.
Перо Антиќ ги постигна првите поени на официјален натпревар во НБА. Првиот Македонец во ова натпреварување имаше учинок од пет поени во првата победа на Атланта Хокс оваа сезона, совладувајќи го Торонто со 102:95.
Го дочекавме и тој ден. Македонија и официјално стана дел од НБА лигата преку Перо Антиќ кој ги одигра првите осум минути за кои остана без поени при поразот на Атланта на гостувањето кај Далас.
Без сите играчи од стартната петорка на претходниот натпревар, Атланта Хокс загубија од Далас Маверикс на последниот натпревар пред почетокот на новата сезона, а Антиќ доби најголема минутажа до сега.
Атланта Хокс забележа уште еден пораз во подготвителните натпревари пред новата сезона во НБА лигата, а Перо Антиќ го одигра за него најефикасниот натпревар до сега во НБА.
Перо Антиќ го одигра третиот претсезонски натпревар на кој неговиот тим доживеа нов пораз. Атланта Хокс загуби на домашен терен од Мемфис Гризлис со 82:90.
Првиот Македонец во НБА лигата, Перо Антиќ го имаше своето деби за Атланта Хокс. Поранешниот капитен на кошаркарската репрезентација на Македонија одигра 15 минути на првиот претсезонски натпревар и тоа против шампионот Мајами.