Таг: астон вила

Англиска и италијанска култура на славје во соблекувална

Ова се денови кога едни се прскаат со шампионски шампањ, други плачат што испаднале, трети се радуваат што останале во лига, а четврти што влегле. За третиве и четвртиве нешто

По 9.000 меча првпат згреши и окото јастребово (Hawk Eye)

Голем превид на првиот меч во Премиер лигата по паузата, Астон Вила - Шефилд Јунајтед на кој гостите беа драстично оштетени.

Дами и господа, после точно 100 дена пауза се враќа Премиер лига

Кога на 9 март новото засилување на Лестер, Харви Брнс го запечати дебаклот на Астон Вила со гол за 4-0 во 85' минута, никој не претпоставуваше дека тој гол и тој меч ќе бидат последни пред една долга и мачна пауза.

Најдобар партнер на Роналдо во напад беше Белгиец кој никој не го памти

Дискретниот јунак, шпиц од најдобрите денови на ПСВ Ајндховен и Андерлехт, легенда на холандско-белгискиот фудбал од кој што најмногу научиле Роналдо и Руд Ван Нистелрој. „Сè што направив во кариерата му должам нему“.

Грилиш донираше 55.000 фунти добиени од продажба на култниот дрес

Дваесет и четири годишниот Џек Грилиш е редок пример на фудбалер кој остана во својот матичен клуб и покрај понудите кои ги доби од гигантите. Во Астон Вила каде е капитен, го гледаат како крал, особено откако реши едно градско дерби кога беше нападнат.

Не е рабона сè што лета

Пеколно дерби на градот Бирмингем: Астон Вила против Бирмингем, Дејвид Дан сака да направи рабона и да испадне шмекер, ама нешто не му тргнува по планот како што замислувал.

Не дише Танзанија додека игра Астон Вила

Мбвана Самата пред десетина дена стана првиот играч во историјата на Танзанија кој потпишал во клуб од Премиер лига. Дебито кај него дома се гледаше како да е мундијалско финале.

Ливерпул само со деца во тимот изгуби 5:0 од Астон Вила

„Црвените“ играа против Вила без ниту еден првотимец од 22 играчи. Клоп и цела прва екипа се во Катар каде ќе играат Светско клупско натпреварување на ФИФА со цел да станат светски шампиони, а дома не им дадоа да одложат меч од Купот.

Феноменот на селото Џуабен во Гана - сите се за Астон Вила

Љубовта на Африканците кон фудбалот може да се мери со онаа на Јужноамериканците. Дури и во најзапуштените места во Африка се тркала топката. Во едно село, Џуабен, во регионот Ашанти во Гана (Западна Африка), буквално секој мештан навива за Астон Вила. Имаат дресови, маици, шалови, капи од некогашниот европски првак од Бирмингем. Интересна и необична појава.

Не можеш НЗС да му најдеш на дуелов

Го имаме веројатно најциркузантскиот дуел на колото на мечот Астон Вила - Лестер. Вилфред Ндиди прво успеа г`зот во фаца да му го запели на Џек Грилиш, а потоа лошо да изглуми и да легне на трева со една поза која е типична за нешто друго.

Маестрален гол падна на Олд Трафорд, го дадоа гостите

Маркус Рашфорд само што промаши сериозна шанса за водство, на другата страна детето на Астон Вила Џек Грилиш го смрзна Олд Трафорд.

Бразилскиот фудбалер од Астон Вила кој добил дете на 14 години, а на 16 имал две

Додека сите познати спортисти на поодминати години им раскажуваат на своите внуци колку биле славни на времето, на бразилскиот центарфор кој игра во Астон Вила нема да му треба многу време. Децата ќе го памтат како „талентираниот шпиц“.

Вака ако се брукате меѓу себе, тешко до опстанок

После 5 одиграни кола во Премиер, клубот кој потроши пари на трансфери на ниво на Реал и Барселона, има учинок од 3 порази, 1 реми и 1 победа. Синоќа на мечот Астон Вила - Вест Хем, двајца домашни фудбалери, Анвар Ел Гази и Тајрон Мингс за малку не се затепаа после 30 минути игра.

Стоперот на Астон Вила кој живеел со скитници, пропуштил две години поради повреда, сега ќе игра за Англија

Тајрон Мингс (26) го импресионирал Гарет Саутгејт со игрите во Премиер лига, па решил да му даде повик за квалификациите за Европско првенство 2020. Тајрон првпат ќе игра за Англија, а неговиот животен и фудбалски пат е просто неверојатен.

Астон Вила потрошила 137 милиони фунти за играчи кои никој никаде не ги слушнал

Кога познавачите на трансфер материјата ќе почнат да ги набројуваат вообичаените гиганти кои секое лето трошат најмногу пари за засилувања, Реал, Барса, Баерн, Сити, Јунајтед, Арсенал, Интер, скоро никој да не приметува дека меѓу нив летово се спомнува и Вила.

Со скинати копачки го внесе тимот од детството во Премиер лига

Џек Грилиш е главна ѕвезда на Астон Вила поради фактот што таму е од детството и не замина дури ни кога испаднаа од лигата а тој доби богати понуди да замине во некој од англиските великани.

Астон Вила е нов премиерлигаш и ќе заработи 160 милиони фунти

Во игра на нерви, клубот од Бирмингем го совлада Дерби Каунти на Френк Лампард и после три сезони се враќа во елитното друштво, подвиг за кој ќе добијат огромна сума на пари.

Незапамтена случка во англискиот фудбал, Биелса постави стандарди

Во Чемпионшип како по обичај се води голема битка за Премиер лига. Во 45. коло Астон Вила која е во налет, му гостуваше на Лидс на нашиот Алиоски.

Голем инцидент на дербито во градот на Peaky Blinders

Во 36 коло од англискиот Чемпионшип попладнево се одигра големото градско дерби Бирмингем - Астон Вила (0-1) кое во 10' минута на кратко го прекина еден идиот кој го нападна и удри со сета сила фудбалерот на Вила, Џек Грелиш.

Јуве и првиот италијански клупски триумф во Англија

Фабио Капело во ’80-те години бил толку активен и како тренер на Милан и како коментатор, што го викнале во студио да  ја коментира Астон Вила - Јувентус, четвртфинале на Куп на европски шампиони. Поради реклами каснеле со првиот гол.

Дриблинг на колото

Јаник Боласи од Астон Вила на мечот против Лидс Јунајтед го имаше дриблингот на колото, а можеби и на цела полусезона во европскиот фудбал.

Џон Тери со пост на Инстаграм се прости од фудбалот и заврши кариера

Џон е жива легенда на Челси, фудбал професионално играше 23 години од кои само една година се пресели да игра во Бирмингем за да и помогне на Астон Вила да се врати во Премиер но не успеа во финалето на плејофот.

Лудиот меч на Стемфорд Брич со 8 гола и 3 црвени картони

Од Боксинг деј се паметат многу откачени резултати со драматични завршници, а ние налетавме на Челси - Астон Вила 4:4 од пред точно 10 години. Гостите имаа 0:2, па губеа 3:2 поради расположениот Шевченко. Кога Балак погоди во 88-ма за победа, всушност ништо не беше завршено. Судијата имаше многу работа. Ги избрка Карваљо, Ешли Кол и Зат Најт од Вила. 

Сторија за дискретниот херој Герет Бери кој одигра повеќе од Гигс

Рецептот за долговечност го има човекот за кој малку кој би покажал со прст а тој е секогаш на позиција, спремен да се бори додека го држи сила. Тивок, внимателен, концентриран и голем професионалец. 21 сезона!