Синоќа се одигра последното коло во Премиер лига во кое беше многу многу жустро и неизвесно кој каде ќе заврши. Не за титулата, таа беше јасно уште пред коронава, туку за ЛШ и опстанок.
Манчестер Јунајтед го доби Лестер на гости 0:2, се намести на трето место и ги прати Лисиците во Лига Европа. Му се придружи и Челси кој заврши четврти откако го совлада Вулверхемптон.
А за опстанок најмногу се зезна Ватфорд кој загуби од Арсенал 3:2 и поради тоа ќе игра во Чемпионшип. Топџиите славеа и завршија осми, место кое ништо не им смени, а доколку Ватфорд победеше, немаше да постои следново видео.
На него се фудбалерите на Астон Вила кои одиграа 1:1 на гости со Вест Хем и со бод повеќе од Ватфорд останаа во Премиер лига. Падна опасно славје како за титула.
И Кротоне се радува за истото, ама за влез, а не за опстанок во прва лига. Не бе жабариве се друга лига. Гледајте ги што работат. Плус споредете им ги и соблекувалните. Мислиш физичко во основно имале, па се глупираат после петти час.