Како мал Крис Смолинг редовно одел со мајка му на Хајбери да го гледа идолот Тони Адамс, а неговиот сега покоен татко мечтаел син му да заигра на Олд Трафорд.
Не знаеме дали се клади на стрелец на гол или едноставно навива за одреден клуб на еден натпревар, но сигурно е дека неговите реакции кога ќе падне гол се несоодветни. Мајк Дин важи за еден од најдобрите судии во Премиер лигата, но често е на удар на јавноста поради чудните реакции.
Ако во Премиер лигата некој е малер за титули, тоа е Арсенал кој нема освоено од 2004-та. Ако некој е малер за повреди, тоа е повторно Арсенал кој нема на располагање 8 првотимци. На Емирати сè е по старо.
Топџиите од Лондон редовно ги претставуваат своите надежни играчи на својот јутјуб канал, а следен е струмичанецот Дејан Илиев кој има договор со Арсенал до 2018 година и кој сака да донесе позната пејачка во Македонија.
Пеп Гвардиола го смени начинот на игра откако е во Баерн Минхен и го примени оној кој го практикуваше со Барселона. Но за вчерашниот меч во ЛШ, германските медиуми имаат право жестоко да го критикуваат.
Навивачите на Баерн Минхен протестираа против скапите карти пред дуелот со Арсенал во Лигата на шампионите и добија огромна поддршка од домашната публика.
Со осум голови Баер Леверкузен и Рома го одиграа најефикасниот меч сезонава во ЛШ. Арсенал му го зема скалпот на Баерн Минхен, а Порто, Барса и Зенит рутински против Макаби, Бате и Лион.
Алекс Иоби кој игра за Арсенал У19, со два гола го реши Баерн Минхен во младинската Лига на шампиони. Се работи за фудбалер од Нигерија и внук на Џеј Џеј Окоча кој е од 10 години на Емирати и кој беше на припреми со сениорскиот тим изминатово лето.
Најновото истражување Цена на влезници од БиБиСи уште еднаш потврди дека најскапи карти, дресови и клупска опрема во Европа плаќаат навивачите на Арсенал, а ништо поевтини не се ниту послабо рангираните клубови во Англија.
Откако се откри дека Аријан Адеми, фудбалерот на Динамо Загреб паднал на допинг тест од УЕФА, сега Арсенал ги бара назад загубените бодови во Лигата на шампионите.
Во неверојатен почеток на дербито против Манчестер, фудбалерите на Арсенал за 20 минути дадоа 3 гола. Првиот беше ремек дело на Чилеанецот Алексис Санчез.
Се што имате од обврски и планови за викендов направете ги во сабота, бидејќи ден потоа следува можеби најфудбалски ден во годината во кој имаме за уживање две дербија во Англија и по едно во Шпанија, Италија, Германија, Франција и Холандија.
На местото на кое Арсенал ги доживеа најславните денови во клупската историја, денес има станбен објект. Цените за стан на местото каде беше Хајбери достигнувале и до 1 милион фунти. И покрај различната намена, автентичноста на местото е иста, а задржани се и многу оригинални елементи од стадионот. Целиот објект беше отворен официјално од Арсен Венгер на 20-ти септември 2009. година.
Ако се погледне статистиката, на Арсенал црно му се пишува. Само 8% од екипите кои ги загубиле првите две кола во Лига на шампиони успеале да се пласираат во следната фаза. Но ниту една од нив во трето коло не се соочила со Левандовски.
Поразите на Арсенал и Челси синоќа во Лигата на шампионите беа уште еден срам за англиската елита која на шест натпревари во Европа доживеа пет порази и не го оправда епитот најсилна лига на континентот.
Тимот од Максимир го направи најголемото изненадување во првото коло од Лигата на шампионите, а најдобриот одговор на прашањето дали Арсенал го потцени Динамо лежи во коментарот на Месут Озил.
Еден од навивачите на Арсенал кој допатувал во Загреб на мечот Динамо - Арсенал вели дека подобро да ги фрлел парите во вода, отколку што го гледал очајниот Арсенал кој загуби 2-1.
Топџиите ја играат дури 18-та сезона по ред во Лигата на шампионите, а нивниот тренер синоќа против Динамо Загреб го запиша 50-от пораз во елитното натпреварување со што стана негативен рекордер.