Таг: арсенал

Големите за бегалците

Арсенал, Челси и двата клуба од Манчестер се обединија во помошта и донациите за бегалците од Сирија. Ќе одвојуваат по едно евро од секоја продадена карта за Лигата на шампионите.

Премиерлигашки трошаџии

Манчестер Сити летово на само троица играчи, Рахим Стерлинг, Николас Отаменди и Кевин де Брујне потроши неверојатни 182 милиони евра, по што Премиерлигашите ги направија првите седум најскапи трансфери летово.

Топџиска забуна на дождлив тренинг

Фудбалерите на Арсенал решиле да го разубават тренингот на дождливо време, па го пробаа збунувачкиот шут. Главни актери Микел Артета, Тео Волкот и Арсен Венгер.

Навивачот кој си направи проблеми во Лондон

Арсенал и Тотенхем не одат заедно, исто како Лацио и Рома, Реал и Атлетико, Ѕвезда и Партизан, Милан и Интер. Така што овој навивач ќе треба многу да се објаснува ако наиде на група навивачи на Арсенал или Тотенхем.

Доволни ли се 110 милиони евра за титула?

Бастијан Шванштајгер и Радамел Фалкао се двете најзвучни имиња кои ја засилија Премиер лигата. Челси и Манчестер Сити, а можеби и Јунајтед ќе го имаат главниот збор сезонава, додека кај Арсенал секогаш постои желба за титула. Најмалку пари штедеше Ливерпул.

Рабоната на Лоран Косшелни

Навикнати на неговите дуели, остри стартови но и киксови, не бевме спремни да се обложиме во техничката поткованост на Лоран Кошелни. Французинот го докажа спротивното.

Навивач на Арсенал го апдејтираше сајтот на Јунајтед

Џереми Ливингстон откри грешка на сајтот на Црвените ѓаволи околу бројот на титули на ФА купот, па од клубот ја исправија.

Нигерискиот милијардер не кренал раце од Арсенал

Алико Данготе, најбогатиот човек во Африка ја повтори желбата да купи акции во премиерлигашот од северен Лондон. Во Нигерија го критикуваат поради идејата да вложува надвор, а не дома.

Шчесни ја шета мачката

Во време кога добива конкуренција од Петр Чех на голот, полскиот голман во Арсенал Војчех Шчесни реши да го прошета омиленото животно.

Не сакам во рудник, ќе играм фудбал

Алексис Санчез е еден од оние фудбалери на кои животот му поделил лоши карти, но на крајот ја добил партијата. Објаснува дека ситно трча на теренот, затоа што како мал играл бос и ги избегнувал камењата.

Арсенал го освои ФА купот по 12-ти пат, бомба на Санчез

За 19 години колку што е тренер на Арсенал, Арсен Венгер вечерва по шести пат го донесе трофејот од ФА купот во клупскиот музеј. Тобџиите ја демолираа Астон Вила со 4-0.

Карти за финалето на ФА купот паднаа од небо

Фудбалската асоцијација на Англија за последниот меч на островот за оваа сезона, реши да почасти два тикети гратис кои ги пронајде една баба во село.

Драга кралице дај ни карти за финалето

И покрај тоа што Вембли собира 90.000 гледачи, навивачите на финалистите од ФА купот Арсенал и Астон Вила добија по 25.000 карти од фудбалската асоцијација на Англија. Секој бара чаре да стигне до карта.

Како Фил Џонс го брани голот

Манчестер Јунајтед и Арсенал ремизираа 1-1 во дербито на колото, а потегот на мечот го имаше одбранбениот фудбалер на Црвените ѓаволи Фил Џонс.

Тони Адамс на свадба во Азербејџан

Како играч ги креваше рацете само кога ја тераше одбраната на Арсенал да направи офсајд замка. Сега покажа дека знае да ги користи и за традиционален азербејџански танц. Поранешниот стопер на Арсенал беше тренер а сега е спортски директор на клубот Габала кој игра во првата лига во Азербејџан.

Јунајтед имал 75 играчи во тимот на сезоната, Челси 29

Иако дури шестмина фудбалери на Челси вчера беа избрани во најдобрите 11 на Премиер лигата, тимот од Лондон сè уште е далеку од вкупниот број на фудбалери на Јунајтед кои биле во тимот на годината во англиското првенство.

Десант на стадионот Емирати сред бел ден

Во пресрет на градското дерби со Топџиите, Сините имаа храбра авантура до Емирати и макар на 10 минути ја освоија територијата на Арсенал во северен Лондон.

Жолтите дресови на Арсенал им носат малер

За нешто повеќе од еден месец Топџиите играат финале во ФА купот против Астон Вила, но откако излегоа детали за средбата, навивачите се намрштија.

Фудбалер на Арсенал побрз од Усеин Болт?

Кога во 2009. година Јамајканецот го постави рекордот на 100 метри за 9,58 секунди, кронометарот после 40 метри покажуваше 4,65 секунди. Играчот од средниот ред на Арсенал истрча побрзо 40 метри..

Женски фудбалски трик од слободен

Во дербито на англискиот женски фудбал меѓу Нотс Каунти и Арсенал, домаќинките поведоа после потегот кој сигурно е воигруван на тренинг. Елен Вајт даде гол за 1-0, па две минути подоцна промаши пенал за повисоко водство. Тоа го казни Арсенал и Киома Убогагу израмни на 1-1.

Алексис Санчез жонглира со главица лук

Додека неговите колеги патуваа низ Европа на квалификациски натпревари, Алексис со Чиле играше против Бразил во Лондон. Времето го искористи и да покаже дека знае да жонглира со жаба, со грејпфрут, со мало топче и со лук.

Венгер преживеал 156 тренерски смени во Премиер лига

Французинот го води Арсенал од септември 1996 година, а од тогаш до денес во Премиер лигата имало дури 156 смени на тренери. Најдобрите клубови смениле најмалку по двајца тренери, а Венгер трае до денес и по тоа е најблизок до Сер Алекс Фергусон.

Парата не врти баш секаде, доказ е англискиот фудбал

Со испаѓањето на првите три англиски екипи од ЛШ и дебаклот на Евертон во ЛЕ, во Англија се отвори дебата за тоа што се случува со најбогатата лига во светот. За прв пат по основањето на Премиер лигата нема ниту еден англиски клуб во четвртфиналето на европските натпреварувања.

Пирова победа на Топџиите, Атлетико преку пенали до четвртфинале

Со головите на Жиру и Рамзи, Арсенал стигна до триумф од 2:0 на гостувањето против Монако и со вкупни 3:3 е елиминиран од осминафиналето во Лигата на шампионите. Фудбалерите на Атлетико беа подобри од белата точка со 3:2 против Баер Леверкузен.