Топџиите го платија Швајцарецот Гранит Џака преку 40 милиони евра, пари кои се обидува да ги оправда уште пред стартот на новата сезона. Ритуалот е секој новајлија на првиот ден во новиот клуб да изведе некоја точка.
Топџиите често знаат да блеснат на почеток, да држат прво место во Премиер лигата на средина од првенството и на крај да паднат. Така било и на оваа табела од сезоната 1936/1937 кога од прво на крај паднале на трето место.
Барселона, Реал Мадрид, Атлетико, Баерн, Борусија, ПСЖ, Јувентус, Јунајтед, Сити и Челси од отворањето на преодниот рок летово, досега потрошиле 245,95 милиони евра за фудбалери.
Да си тренер на Топџиите кај што треба да се расправаш со навивачите зошто не можеш 12 години да освоиш титула, треба да им бараш и оправдание на играчите кои се отсутни или да не им даваш толку одмор. Сезоната почнува за 25 дена. На Емирати е полупразно со играчи.
Необично, еден е од ретките во Велшката репрезентација кој зборува чисто на мајчин јазик. На дебито со 16 години за Кардиф, најдобриот другар го ишишал и го упропастил поради што морал да се бричи на нула. По тешката повреда во 2010, се врати уште појак и подобар.
Топџиите од Северен Лондон се многу близу до потпис со најдобриот стрелец од минатата сезона, Џејми Варди од Лестер. За него Венгер би одвоил 20 милиони фунти а дел од тие пари ќе ги добие и третолигашот Флитвуд.
Откако заврши последниот меч на Арсенал сезонава, децата на сите играчи се симнаа на теренот и заиграа фудбал. Најмногу покажа малиот Казорла кој си поигруваше со постарите деца.
Човекот кој на 5 години првпат бил на стариот Хајбери, 36 години подоцна живее во стан на Западната трибина од каде низ прозорот гледа на некогашниот терен и се сеќава на амбиентот на овој легендарен стадион.
Менаџерот кај кого играчите сами доаѓаат, а не тој по нив во моментов работи на трансфер на Хенрик Михтарјан, Еременцот кој едвај избега од Донецк каде не го пуштаа по никоја цена.
Мориц Фолц е еден од првите таленти забележани од Арсен Венгер. Како Германец во Лондон не им го разбирал брзото зборување, па дури и на прашањата кој број сакаш да го носиш одговарал со јес јес. И покрај тоа стана еден од најомилените странци кои играле таму.
На 2 јануари сезонава Топџиите беа лидери во Премиер лигата, исто како преклани и во 2008-ма. Знаат да запнат кога имаат најголеми проблеми со повредени. Знаат да не загубат на сите шест кола до крај. Но премногу се фалат со пари, а не трошат и затоа немаат титула 13 години.
По 120 исцрпувачки минути Баерн направи целосен пресврт за 4:2 против италијанскиот шампион за четвртфинале во ЛШ. Во регуларниот дел Левандовски во 73 минута и Милер во 91-ва ја спречија сензацијата на Јувентус кој за влакно не успеа да го урне Баерн откако по 28 минути игра имаше 0:2.
Во паралелно интервју, двајцата Шпанци од Арсенал, Начо Монреал и Сантијаго Санти Казорла се прашуваат и одговараат еден со друг. Санти открива дека кучето му се вика Златан и плус други поединости.
Во светот на фудбалот постојат неколку несфатливи договори помеѓу клубовите и играчите. Во ситуација кога три-четири страни сакаат да бидат задоволни, заедничкиот договор неретко испаѓа смешен.
Со години е столб на одбраната на Арсенал, но и со години прави неочекувани грешки во последниот ред. Навивачите на Арсенал се поделени, Венгер и управата му веруваат.
Српската престолнина Белград се наоѓа во одбрано друштво со Мадрид, Лондон и Милано како еден од единствените четири градови кои во финалето од Лига на шампиони/Куп на Шампиони до сега имале два претставника во финале.
По пауза од 10 години Каталонците успеаа да остварат победа во Лондон со двата гола на Меси кој со една нога ги носи во четвртфинале. Мечот во Торино донесе поголема возбуда каде Јувентус успеа од 0:2 да стигне до 2:2 и да донесе поголема неизвесност во реваншот.
Овие две екипи последен пат во ЛШ се сретнаа во сезоната 2010/2011 и тоа токму во топ 16 фазата. На Емирати Топџиите славеа 2:1, а на Камп Ноу Барса им врати со 3:1 и обезбеди пласман во четвртфинале. Судијата ја претера со црвениот картон на Ван Перси.
Има една лоша традиција на Каталонците поврзана со Лондон која домашните навивачи на Емирати се надеваат дека ќе продолжи и вечерва. Инаку триото на Барселона има дадено 20 голови повеќе од целиот тим на Арсенал.