Преку официјално соопштение на клупската страна, легендарниот француски тренер објави дека по завршувањето на сезонава си оди од својот дом кој го водеше 22 години!
Англискиот печат пишува за една чудесна споредба меѓу овие двајца тренери. Да не знае човек дали повеќе да му се чуди на Шпанецот кој троши до светски рекорд или на Французинот кој шпара како да ќе биде во Арсенал уште 200 години.
По финалето на Лига купот во кое изгубија убедливо 0:3 од Манчестер Сити, кога Арсен се бунел за малку дополнително време, четвртиот судија го прашал: „Што ќе ти е уште продолжение“?
А треба да биде премногу дрзок да ја одбие и таа понуда - фактички последна шанса да ја заврши кариерата достојно, а не во Лига Европа. Но, којзнае, можеби и Арсен ја слушнал приказната дека со Флорентино е убаво да се дружиш, но не и да работиш.
Арсенал синоќа загуби од Нотингем Форест (4:2) - тоа е 14-та екипа од чемпионшип која што не победила веќе 5 кола по ред и од 15 можни бодови освоила само 2.
Сте виделе ли како реагира дете ако му згрмиш со зборовите: Ако не бидеш умен, Луиз Суарез ќе дојде навечер и ќе ти го гризне вратот? Или ако му кажеш дека Арсен Венгер ќе потпише за Арсенал на уште 10 години? Реакцијата им е врв.
18-годишниот Едвард Нкетиа синоќа на мечот во Лига Купот против Норвич влезе во 85’ минута при 0-1 за гостите. Со првиот контакт израмни а во продолженијата му донесе победа на Арсенал.
Денеска е релативно тешко да се најде Англичанец во Премиерлигашите кога скролате по нивниот состав за време на мечот. Премиер лигата стана своевиден географски атлас со играчи од сите страни на светот. Цели 18 години немало меч само со Англичани во составот.
„Дечки, ова не е реален трофеј што треба да го креваме. Ајде да го кренеме најголемиот на крајот од сезоната, а не овој“, им рекол капитенот на Арсенал на помладите соиграчи после победата против Баерн Минхен на пријателскиот меч од Меѓународниот фудбалски Куп во Кина.
Арсенал попладнево одигра пријателска средба против Сиднеј во Австралија во склоп на подготовките за новата сезона. Венгер таму покажа како ’барата’ со топката, далеку подобро од 75 милиони фунти скапоцениот Лукаку на тренинг во Манчестер.
Со одлична игра Арсенал го совлада Челси во финалето на ФА Купот и како така ја извади сезоната. Но тоа не ги засити незадоволните навивачи кои бараат промени.
Врти-сучи пак доаѓаме до непобитниот факт дека најголемиот тренер во историјата на Премиер лигата Сер Алекс Фергусон имал најуспешни серии без пораз. И Мурињо има долга, но со повеќе од пола нерешени.
Шпанската Гранада во Примера е како неодговорен студент кој сака да ги реши испитите. Во последните пет години „Насриди“ редовно се спасуваа од испаѓање во понизок ранг а тенденцијата продолжи и сезонава.
Кристал Палас, тим кој се бори за опстанок синоќа го посрамоти Арсенал со 3:0 и му нанесе нов срамен рекорд на Арсен Венгер. Подавањето и потоа паѓањето на Гранит Џака од ништо е огледало за синоќешниот очаен настап на Топџиите.
Се играат квалификации, што значи пауза е и за Арсенал и за Арсен Венгер, но не е баш така. Селекциите на Нов Зеланд и Фиџи играа квалификациски меч за СП 2018 пред 500 гледачи. Ниту тие не го оставаа на раат предводникот на Топџиите.
Легендата на Арсенал, Реј Парлоу раскажа неколку настани поврзани со комичниот трансфер на латвискиот стопер Игорс Степановс кој во 2000-те ни крив ни должен добил договор од „Топџиите“. Позадината на трансферот е комедија.
Работата на Арсен Венгер веќе со години е предмет на расправа во медиумите и меѓу навивачите кои силно притискаат и апелираат дека треба да си замине. Холандската легенда не мислеше така.
Јас сум апсолутно револтиран и жал ми е за луѓето кои дале многу пари за да го гледаат овој натпревар, изјави предводникот на Топџиите од кои цела Англија бара да си поднесе оставка откако врза седум лузерски осминафиналиња во ЛШ.
Откако се откажа од трошењето абнормални суми за играчи, Монако во првиот тим има плејада млади деца кои ја поминале нивната академија и кои го носат клубот кон титулата во Лига 1.
„Топџиите“ денес патуваат кај Сатон Јунајтед каде ги чека 5. рунда од ФА Купот против аматерски клуб кој елиминираше фаворити и кој игра на вештачка, синтетичка трева.
Спрдња со дежурниот тренер за спрдачење, овој пат со неговиот мобилен телефон. Омилен дел на кој прснавме од смеење е тоа јакната долга колку 100 мантили која никако да ја соблече и да го погоди патентот од прва.
Сезонава хит во Англија е петтолигашот Сатон Јунајтед кој преку Форест Грин, Вимблдон, Дартфорд, Челтенам и Лидс Јунајтед стигна до 1/8 финале на ФА Купот и ќе во своето селце ќе го пречека моќниот Арсенал.