Трошаџијата Гвардиола vs шпараџијата Венгер

Англискиот печат пишува за една чудесна споредба меѓу овие двајца тренери. Да не знае човек дали повеќе да му се чуди на Шпанецот кој троши до светски рекорд или на Французинот кој шпара како да ќе биде во Арсенал уште 200 години.

Пеп Гвардиола замислете потрошил повеќе пари во Манчестер Сити за 21 месец, отколку Арсен Венгер во Арсенал за 21 година.
 
За шпанскиот стратег се знае дека е одличен тренер и тактичар, но тој сега имаше натепано тренерско искуство само во големи клубови со огромни буџети.
 
Дејли Мејл лани објави дека Гвардиола за да ги освои трите титули во Ла Лига и ЛШ со Барса потрошил 307 милиони фунти, а во Баерн 183,5 милиони фунти кои не му беа доволни за европска круна.
 
Откако Пеп пристигна во Премиер лигата, Манчестер Сити за трансфери потроши 371 милиони фунти, а Арсен Венгер за 21 година во Арсенал 349 милиони фунти или 22 милиони помалку од 21 месечниот тренерски престој на Пеп.

Иако цените за трансфери драстично скокнаа во последните неколку години, што се гледа и по потрошените 203 милиони фунти на Арсенал откако Гвардиона е тренер на Сити, сепак не може да не се изненади човек на оваа споредба.
 
Манчестер Сити пред неколку дена постави нов светски рекорд откако беше соопштено дека го имаат најскапиот тим во историјата на фудбалот во вредност од 878 милиони евра.
 
Нивната одбрана е три пати поскапа од министерството за одбрана на Македонија.
27 февруари 2018 - 16:15