Патриотската акција заврши поразително
Важен факт, којшто покажува колку е моќна глобализацијата на англиската Премиер лига. Последен клуб во кој сите играчи (како од првиот состав, така и три резерви кои влегле од клупата) на еден меч биле Англичани, била Астон Вила.
Тоа се случило на 27. февруари 1999 година.
Вила играла дома со Ковентри и тренерот на тимот од Бирмингем Џон Грегори се одлучил од стартот меѓу другите да ги стави Герет Саутгејт, Дион Даблин, Ли Хендри и Пол Мерсон. И тројката која влегла од клупата подоцна во текот на мечот била чисто англиска - меѓу нив биле играчи како Гарет Бери и Стен Колимор.
Астон Вила загубила 1:4 а симболично сите голови на Ковентри ги распределиле Австралиецот Алојзи и Холанѓанецот Боатенг.
Кон крајот на 99-та година Премиер лигата видела и друга крајност - целосно странски состав на Челси, предводен од Џанлука Виали. Новинарите залудно поставувале прашања а Челси го победил Саутемптон со 2:1. Првиот Англичанец во Челси на тој меч влегол во 74’ минута.
Иста приказна имаше и Арсенал. Во февруари 2005 година Французинот не можеше да смета на повредените Сол Кембел и Ешли Кол па на дуелот со Кристал Палас немало ниту еден англиски фудбалер. „Топџиите“ победиле со 5:1.