7 март 2017-та е нов историски датум за Арсенал и Арсен Венгер бидејќи урнаа срамен рекорд старт 57 години. Арсенал е англискиот клуб со највисока елиминација во историјата на ова натпреварување откако загубија со вкупни 10:2 од Баерн Минхен.
Претходно Вулверхемптон се соочил со вкупни 9:2 од Барселона во далечната 1960-та, а апсолутниот рекорд го држат токму Баварците кои во сезоната 2008/2009 го елиминираа Спортинг Лисабон со 12:1.
За да влезеш во топ 8 во Лигата на шампионите треба да умееш да победиш секого, но Арсенал во последните седум години немаше капацитет за такво нешто и се соочи со елиминација во осминафинале три пати од Баерн Минхен (Хајнкес, Гвардиола и Анчелоти), два пати од Барселона и по еднаш од Милан и Монако.
За Топџиите ова беше највисокиот пораз на домашен терен по 1998-ма кога во Лига Купот окркаа петарда од Челси.
Навивачите се бесни и на стадион се појавија со конкретни банери на кои пишуваше дека крајно време е Арсен Венгер да си замине од клубот. Тоа го бараа откако знаеа дека Арсенал немаше шанси да се врати по пораз од 5:1, а можете да замислите како им е по 10:2, како и поради фактот што нивниот омилен клуб последен пат ја освоил титулата во Премиер лига во 2004-та.
РЕВОЛТОТ НА НАВИВАЧИТЕ
НАСЛОВНИТЕ СТРАНИ
Метро спорт
Гардијан
Сан
Тајмс
Испорт
Стар спорт
Мирор Спорт
За иронијата да биде поголема, Арсенал на следниот натпревар ќе ги лечи раните против Линколн Сити во ФА Купот. Клуб од петта лига со стадионче кое собира 10.000 гледачи.