И покрај тоа што во Србија до денес на пладне се регистрирани 31 случаи позитивни на Ковид-19, српската влада долго време беше на ставот да нема публика само во затворени места (сали), а попладнево одлучи да се игра и фудбал без гледачи.
Заразени се по еден кошаркар на Јута и Реал Мадрид, и по еден фудбалер на Јувентус и Сампдорија. Фудбалот го стопираа и во Шпанија, а кошарката во НБА и Евролига. Кај нас од денеска прекинуваат фудбалските и кошаркарски првенства. УЕФА конечно гукна и најави одлука за ЕП 2020.
Како ретко кога во изминатите 15-ина години, македонските ракометари нè оставија без подолго уживање во нивните настапи. Испаднаа рано, ги елиминираа, а нам ни остана да се сеќаваме само на голот на Лазаров против Украина.
Ни жар како порано, ни борбеност, ни идеи во напад, ни вкрстувања, ни цепелини како што знаеа, ни одбрана освен со Чешка во прво. Ништо, ама баш ништо не видовме од онаа квалитетна, ценета и добро позната Македонија која редовно остава белег на големите натпреварувања. А па Брестовац?
Есапот за денеска е јасен, само нели нашите не треба да го заебат. Со победа против домаќинот Австрија од два гола разлика одиме во следна фаза, без разлика од исходот на Чесите против Украина кои играат после нас од 20:30.
Кире и екипата совршено добро знаат каква е комбинаториката пред стартот на 3. коло, за да ги продолжат настапите на Европското првенство кое се игра во три земји.
За првиов само небото е граница, а вториот ги пушти пипците и одигра блескава партија. Македонија ја победи Украина со звукот на сирената откако капитенот се крена од 9 метри и со дрзок шут го реши натпреварот. Не е нормален како го изведе тоа.
Освен што е за празничко уживање, месец јануари е задолжителен месец и за ракометно следење, бодрење, а понекогаш и нервирање со нашите. Додека ние правевме гезмиња, тие тренираа и се потеа за да го извадат најдоброто од себе. Напред момци и кога не нервирате навиваме за вас.