Ниту светот на фудбалот не е имун на вториот (или веќе трет) бран на вирусната пандемија. Речиси и да нема клуб чии репрезентативци ќе се вратат позитивни од собирите со националните селекции.
Од вкупно 4 натпревари на кои се решаваа конечните патници на ЕВРО2021, на 3 меча имаше голема драма. Познати се сите учесници на континенталниот собир следното лето.
И покрај тоа што во Србија до денес на пладне се регистрирани 31 случаи позитивни на Ковид-19, српската влада долго време беше на ставот да нема публика само во затворени места (сали), а попладнево одлучи да се игра и фудбал без гледачи.
Со ждрепката во вторник од 18 часот во Амстердам, почнува новото издание на Лига на нации (Nations League), второ по ред. Се зголемува бројот на натпревари, се менува форматот на лигите и групите.
Ни жар како порано, ни борбеност, ни идеи во напад, ни вкрстувања, ни цепелини како што знаеа, ни одбрана освен со Чешка во прво. Ништо, ама баш ништо не видовме од онаа квалитетна, ценета и добро позната Македонија која редовно остава белег на големите натпреварувања. А па Брестовац?
Есапот за денеска е јасен, само нели нашите не треба да го заебат. Со победа против домаќинот Австрија од два гола разлика одиме во следна фаза, без разлика од исходот на Чесите против Украина кои играат после нас од 20:30.
Дечкото е добитен, 100% добитен со фото и видео доказ, ама Европската куќа на ракометот направи несфатлива грешка на мечот Македонија - Украина. Не му го признаа четвртиот гол на Талески, а чист е. Кладилниците се водат по статистиките на ЕХФ и така махеров неправедно стана малер.
Да не бранеше Никола толку ѕверски тешко нас ќе беше против Украина. 34 годишниот голман на Еурофарм Пелистер кој лани се врати во својот роден град, синоќа блескаше, а ЕХФ една од неговите одбрани ја прогласи за втора најдобра на денот на ЕП 2020.
За првиов само небото е граница, а вториот ги пушти пипците и одигра блескава партија. Македонија ја победи Украина со звукот на сирената откако капитенот се крена од 9 метри и со дрзок шут го реши натпреварот. Не е нормален како го изведе тоа.
Освен што е за празничко уживање, месец јануари е задолжителен месец и за ракометно следење, бодрење, а понекогаш и нервирање со нашите. Додека ние правевме гезмиња, тие тренираа и се потеа за да го извадат најдоброто од себе. Напред момци и кога не нервирате навиваме за вас.