
Здраво, јас како просечен кладилничар се соочив со еден проблем наречен неправда од страна на ЕХФ. Имено Талески постигна 4 гола за нашата држава и сè беше супер се додека едниот гол не му го препишаа на Дејан Манасков. И сега се соочувам со неисплата на тикет во Копачка. Би сакал оваа проблематика да добие на внимание како би се решила целава ситуација, не само за мене, туку и за Талески и за сите ние што гледавме ракомет и видовме како постигнува 4 гола. Во прилог ќе ти го пуштам тикетот и неколку фотографии. Благодарам
Давид