Како што веќе може да се очекува од ваквите медиумски хајки, човекот не е олигарх, второ роден е во Украина и како дете е преселен во САД, трето има добротворна организација што до сега собрала над 250.000 долари за Украина, и ако нешто значи исто така е и американски воен ветеран. Ама ништо од ова не треба да сопре добар кликбејт наслов.
Во една од поопскурните случки изминативе месеци, Канје му се јавува на Трамп за да побара од американскиот претседател да се јави кај шведскиот колега и да ургира околу апсењето на американски рапер (A$ap Rocky) во Стокхолм. И Трамп стварно се јави кај шведскиот премиер и стварно проба да ургира - буквално понудил тој да му ја плати кауцијата на раперот.
Наместо истрага што тесно ќе се фокусира на криминално однесување, решението на прашањата околу Трамп и неговите соработници е составување на независна комисија, пишува уредникот на Атлантик, Дејвид Фрум.
Тоа е човекот кого медиумите го идентификуваа како оној кој ја договорил средбата на синот на Трамп со адвокати блиски на Путин околу материјал за Хилари кој на Трамп би можел да му биде корисен во изборите. Емин има 37 години. Поп пејач е ама и син на еден од најбогатите Руси. Татко му го викаат „Рускиот Доналд Трамп“.
Откако разузнавачките служби испорачаа материјали според кои спроведена е тајна руска операција чија цел е да Трамп да биде избран за претседател на САД, сега има сомнеж дека американските власти имаат капацитет да спроведат независна истрага околу наодите.
На 31 август во Кина стартува Светското кошаркарско првенство, но никаков Дрим-тим од Америка на кој сме навикнати нема да гледаме. Причините се разни а една е и конспиративна и поврзана со претседателот на САД.
Во посетата која ќе се памети по антологиската фотографија на нелагодност, Трамп и Папата по протокол разменија и неколку подароци, без разлика колку никој од нив него сакаше тоа.
Џони Кеш за првпат пред публика изведува нова песна. Ни помалку ни повeќе туку Man in Black, пред да биде објавена на албум. Малку контекст: годината е 1971, виетнамската војна е во полн ек, млади војници на големо се враќаат дома во ковчези. А Кеш, ладен како надгробна плоча, на студентиве им раскажува зошто носи црно. Нема појако.