Најдоброто ниско крило на сите времиња против најдобриот шутер на сите времиња. Досега невидено атрактивната и иновативна игра на Вориорси против Леброн и дружината кои се решени да пишуваат историја. Никогаш со такво нетрпение и спортска љубопитност не сум очекувал да започне финалната серија.
Џејмс Харден постигна 41 поен во триумфот на Хјустон Рокетс над Оклахома Тандер 115:112. Пол Џорџ се врати на теренот, а трипл-дабл учинок имаше Леброн Џејмс.
На Чикаго Булс му требаше две продолженија за да го совлада Милвоки и да поведе 3-0 во плејоф серијата. Леброн го водеше Кливленд до гостинско славје во Бостон, а Кари како по обичај лидер на Вориорс.
По збришката на Атланта со 4-0 и толчењето на Хјустон со 4-1, првото прашање кое се наметнува е: дали Кливленд и Вориорси беа прејаки или Атланта и Хјустон беа преслаби!? Кошаркарски гледано, ми навагнува втората претпоставка.
Кошаркарите на Кливленд Кавалирс на убедлив начин го совладаа Голден Стејт, ја забележаа осмата победа во Плејофот на домашен паркет и намалија на 2-1 во финалната серија. Доминација на Леброн Џејмс и Ирвинг.
Голден Стејт имаше меч топка, во Оукленд Арената, пред своите навивачи кои беа спремни за титулата, но славјето им го расипаа Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг со вкупно 82 коша.
Големото НБА финале почнува во ноќта меѓу четврток и петок (3.00) во Оукленд и ќе биде реприза на минатогодишното финале во кое Голден Стејт славеше 4-2 во победи, но Леброн сега ќе има помош од Кајри Ирвинг и Кевин Лав.