Вештачката интелигенција како дел од денешното живеење доживува постојан напредок и усовршување на својата улога во новите модерни технологии кои ги внесуваме во нашиот паметен дом (Smart Home) преку бројни уреди кои ги користиме на дневна основа, почнувајќи од најкористените мобилен телефон или телевизор, па се до апаратите за домаќинство.
Благодарение на вештачката интелигенција, луѓето сè помалку ќе чувствуваат практична потреба да учат втор, а за трет-четврт јазик и да не зборуваме. Оние кои сепак би се интересирале за оваа работа тоа би го правеле од поезотерични причини.
Администрацијата на Бајден објави дека конечно ќе почне да пушта пари од 39 милијарди долари вредниот ЧИПС акт, за поттикнување на производството на микрочипови во САД. Кратко по ова најголемите глобални производители на чипови одлучија да ги откажат своите проекти во САД.
Samsung во функциите кај својот нов премиум уред Galaxy S24+, како и во целата Galaxy S24 серија,за првпат ја воведе вештачката интелигенција (Galaxy AI*) и со тоа испорача нова димензија на мобилното корисничко искуство во која ќе уживате поголема продуктивност, олеснета комуникација и зголемена лична удобност.
Во модерен свет каде технологијата го диктира темпото на живот, серијата на мобилни телефони Galaxy S24 на Samsung отвора нови хоризонти во мобилната комуникација, уметноста и продуктивноста. Со низа напредни функции за вештачка интелигенција (Galaxy AI*), оваа серија не само што ја дефинира иднината на паметните телефони, туку и начинот на кој комуницираме со светот околу нас.
Неколку супер интересни идеи и продукти од неодамна завршениот ЦЕС, најголемиот саем за потрошувачка електроника кој се одржува во Лас Вегас. Годинава имаа 4.300 изложувачи, се претставија преку 1.400 стартапи и присутни беа преку 5.000 медиумски и контент креатори. Нешто како успешни приказни од фонд за иновации и технолшки развој, ама ова стварно.
Гугл ги впрегна инженерите на Моторола (која ја купи во мај годинава) на создавање на нов, софистициран смартфон, кој ќе биде директна конкуренција на Ајфон и Самсунг. Проектот има скроз Бонд име - "X phone."
2012-та беше сериозно голема година за спортот и автомобилите. Речиси сите 20 реклами имаат некоја спортска ѕвезда или автомобил. Изборот е направен чисто по бројот на прегледувања што ги има видеото. Тема на најгледаната реклама за 2012-та на светско ниво - фудбал.
Компанијата е основана пред само 3 години, вие немате чуено за нејзе, вреди 4 милијарди долари и фановите во Кина ја сакаат доволно за да бегаат од часови и работа за да го купат најновиот производ на денот на премиерата.
Самсунг стана најголемиот производител на мобилни во светот (поголем и од Нокиа), стигнувајќи од нула до пазарна доминација за помалку од 3 години. Не е случајно.
Технологијата до толку го напаѓа фудбалот што во иднина наместо жолти и црвени картони, судиите ќе мафтаат со Ајфон. Не, ова не е шега, ниту луда идеја. Судиската апликација за смартфон веќе беше употребена на финалето од мексиканскиот футсал куп.
Епл: Самсунг, да платите тоа што изгубивте на суд. Самсунг: она чиповите што ви ги правиме за Ајфон, само што станаа 20% поскапи. Некои судски трошоци имаме.
Т3 магазинот ги прогласи своите шампиони во технологијата за 2012-та. Категориите се движат од телевизор и фото-апарат на годината, до телефон, компјутер и се помеѓу. Многу Андроид и персонални компјутери, плус нешто малку Ајфон.
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Чедомир Јаневски го објави списокот на фудбалери кои ќе им се спротистават на Хрватска и Србија во рамките на квалификациите за Светското првенство во Бразил.
Точно на време за сезоната чекање редови пред Епл, Самсунг со продолжение на својот сеир за предностите на Галакси С3 во однос на Ајфон. Плус, дополнително ругање од типот – "телефон за стари," "го мрднаа влезот за слушалки," и "може ќе ти треба нов адаптер, ама па прават одлични адаптери."
Една милијарда е една милијарда, ама Самсунг воопшто не беше главната цел на Епл. Целата работа беше напад на Гугл и подобро позиционирање на Епл во однос на останатите компании.