Човекот кој како животно го чуваше голот на Баерн Минхен од 1994 до 2008 година и кој освои 23 трофеи со истиот клуб, како што отворено урлаше и беше груб на терен, така сега отворено зборува.
Големото чилеанско дерби меѓу Универзидад де Чиле и Сантијаго Вондерерс не го одбележаа кореографиите, пиротехниката и полниот стадион, туку дефанзивецот на гостинскиот тим. Среќа во Чиле не убиваат за автогол како во Колумбија, па Агустин Пара ќе може мирно да спие по овој евро автогол.
Нико Пачински е еден од најомилените фудбалери во историјата на Сент Паули. Во 2002-ра го матираше Оливер Кан за историската победа против Баерн Минхен, а потоа сите пари ги потрошил на коцка и сега работи во погребални услуги.
Менаџерот на актуелниот светски првак Германија, Оливер Бироф изјави дека сите фудбалери и стручниот штаб останале цела ноќ во соблекувалните на стадионот, по пријателската со Франција која се одигра во исто време со терористичкиот напад во Париз.
Манчестер Јунатед синоќа пред своите навивачи беше елиминиран од Арсенал во четвртфиналето од ФА купот, а судијата Мајкл Оливер беше престрог кон Ди Марија. Најпрво му даде жолт картон поради симулирање фаул, а веднаш потоа уште еден затоа што му го потегна дресот.
Циркузијадата доаѓа од првата женска фудбалска лига во Романија, каде голманката доби црвен картон, се изнервира како Оливер Кан, а дресот и го даде на колешката која ќе мора да брани при извршени три измени.
Баварците имаат шест победи по ред во Бундеслигата, а последен пат галопираа во Бремен против Вердер каде славеа 4:0 и стигнаа до 24-та првенствена победа. До крајот имаат прилика да урнат неколку рекорди, поставени од нив, но и од други екипи.
Екипа на второто коло е Гранит, која играше одлична одбрана, успеа 40 минути да ја сочува својата мрежа и да извојува минимална победа од 1-0, што е реткост во Телеком Бизнис Лигата на Македонија.
Недела во која во целост се потврди неизвесноста и фактот дека во Бизнис Лигата на Македонија нема фаворити. Се играа натпревари во кои победникот го одлучуваа нијанси, а како и секое коло, така и ова ќе издвоиме индивидуалци кои беа заслужни за постигнатите резултати на своите екипи.
Во рамките на седмото коло од Телеком Бизнис Лигата на Македонија се одиграа седум натпревари. Најдобар стрелец е Арбен Нухиу од УНИКА, а за екипа на колото е прогласена ЕЛЕМ.
Третото коло на Бизнис Лигата на Македонија преовладуваше со фер плеј натпревари во кои можевме да видиме доста атрактивни потези кои ја воодушевуваа публиката.
Русинот Кержаков е последниот фудбалер што стана стручен коментатор за некој спортски канал. Во Европа има пет познати играчи кои редовно коментираат натпревари еднакво добро како што играа фудбал. Кои се тие?
На едно коло пред крајот на есенскиот дел на Бизнис Лигата на Македонија најмногу се истакнаа Арбен Нухиу од UNIQA со 6 голови, а за најдобра екипа е прогласена Гранит.
Во рамките на петтото коло од Телеком Бизнис Лигата на Македонија беа одиграни 9 натпревари. Виктор Петровски од МЕПСО беше најдобар стрелец со 6 гола, а за екипа на колото е прогласена Адмирал.
Седмото коло на Бизнис Лигата на Македонија донесе натпревари во кои беше ставен акцент на одбраната, имаше доста неизвесна борба во која победникот го одлучуваа нијанси.
Дејан Зиков од Лукоил е најефикасен играч со 7 гола во шестото коло од Бизнис лигата, а за најдобра екипа е прогласена Eurolink која ја доби неизвесната битка против Sistina со 6:5.