Рики Жерве, Семјуел Џексон, Миа Фароу, Салман Ружди, дури и Ватикан, беа меѓу оние кои му оддадоа почит на Лу Рид. Меѓу нив и сер Том Стопард, кој ја искористи музиката на Рид за неговата славна претстава „Рокенрол".
По смртта на Лу Рид се појавија бројни сочувства и трибјути, но на повеќето од нив како да им фалеше емотивност. Еден текст дури тврди дека никој во новинарските кругови не сакал да му пише некролог на овој „човек без шарм“. Но топлиот и благороден текст на Пети Смит ја пополни оваа празнина.
Уште од 1986-та, Нил Јанг и неговата сопруга Пеги секој година организираат хуманитарен концерт за Bridge School, непрофитна организација за иновативни начини на помош на деца со пречки во говорот и инвалидитет. Годинава дојдоа 25.000 луѓе и имаше многу добри музички моменти.
Не дека е важно да знаете дали зад некоја песна стои вистински настан и фиљан човек на кого му е посветена за таа да ве допре, и да помислите дека е напишана баш за вас и вашата љубовна среќа/болка/чемер/јад. Ама па овие песни се толку познати, што сигурно нема да ви ги расипеме со деталите околу нивното создавање.
Музичката 2013-та не можеше да почне подобро. Кит Ричардс и Том Вејтс почнаа да прават заеднички песни а по една деценија отсуство, на сцената се врати Дејвид факинг Боуви. Не заборавајте, ова е година по онаа во која тотално изгинавме од Гангнам Стајл. Неколку десетици факти за човекот со шарени очи.
„Тоа ти е ко некој роман. Дневнички белешки од кои направив книга. Поминав некое време во Италија, па ете, пишував. Интимни белешки за планинарење, и тоа прво планинарење во животот. Па после као се муваш со некоја женска, добро јадеш, пиеш добро вино, и на крај од тоа излегува роман. Ма супер!"