Сезонава Џек Грилиш игра одлично. Веќе има 5 постигнати гола, трет е во цела Премиер лига по број на асистенции, а од него подобри асистенти се само Кевин Де Брујн и Бруно Фернандеш.
Францускиот тренер почина на возраст од 73 години, во ноќта меѓу недела на понеделник. Ќе се памети по големите успеси со Лион и со Ливерпул чии навивачи многу го почитуваа.
Луис Хамилтон е победник на трката за Големата награда на Бахреин, но сите зборуваат за опасната несреќа во која Роман Грожан со голема брзина удри во оградата и од пожар успеа да се извлече жив и речиси потполно здрав.
Неверојатен е обемот на ирационалност во кариерата на Данкан Робинсон, полу-анонимниот кошаркар на финалистот Мајами Хит кого играчи, тренери и навивачи, буквално сите го молат да почне да ѝ помага на екипата со тоа што ќе стане посебичен и ќе зема повеќе шутеви за себе.
Резултатот од Чемпионшип дуелот меѓу Дерби и Норич беше 0:0, ама до 88-ма минута кога на легендарниот англиски напаѓач му дадоа меч топка за да ја реши. Некако рано му е за пензија со оглед на тоа како игра уште.
Страстите околу дисквалификацијата на Ѓоковиќ уште не стивнуваат во тенискиот свет. Сега таа одлука на организаторите на УС Опен ја прокоментира и Хит Џејмисон, на времето дете коа Роџер Федерер со сета сила го погоди во тек на еден меч.
Ја нарекуваат најмоќната жена во светскиот фудбал, а имајќи ја предвид нејзината улога и одговорност, таа е речиси анонимна. Лицето и го гледаме, но гласот не и го слушаме, а во позадина е опасно добра за работа.
Во финалето на Лига Европа видовме светска класа фудбал, но имаше и искри на теренот. Во еден момент судијата Дани Макели не досуди пенал по игра со рака на Диего Карлос, па во целата гужва се рчнаа Евер Банега и Конте. Аргентинецот го исмеваше за тоа што Италијанецот има пресадена коса, а Конте му одговорил со: „Ќе те видам после мечот“.
По фаулот на Ковачиќ врз играч на Ливерпул после кој Александар-Арнолд постигна преубав гол од слободен удар, Френк Лампард бил фрустриран од судиската одлука (интересно судијата во даден момент му вика на Ковачиќ 'yes, you did get the ball.' ама свири фаул). Тренерот на Челси во налет на нервоза му се пушта и на Клоп и тоа ептен жестоко.
Англискиот фудбал полека спушта завеса, а на многу локации ширум земјата периодов имаше МАСОВНИ собири на навивачи кои славеа од разни причини. Кога викаме масовни, мислиме над десетина илјади луѓе без многу маски и без ама баш никаква социјална дистанца меѓу нив.
НБА лигата продолжува на 31 јули, а сите натпревари ќе се играат во огромниот комплекс Светот на Дизни во Оландо каде има повеќе хотели, сали и комплетни услови за завршница на најдобрата НБА лига. За тоа време во Далас Маверикс се острат Дончиќ и Бобан Марјановиќ кои се пробаа 1 на 1.
По завршувањето на Бундеслигата каде сезонава беше неверојатно откровение и важи за најдобар млад фудбалер во цела Европа, Ерлинг Халанд се вратил во татковината на одмор. А таму пред еден ноќен клуб го исфрлаат како партал.
Поранешниот познат НБА суперстар Жилберт Аренас откри како освоил 300.000 долари на лотарија, откако судбината го споила со непознат бездомник, а газда на бензинска бил фер до крај.
Кога веќе ги фати сафра во карантин, голем дел од фудбалерите безделничат: жонглираат тоалетна хартија, играат некои глупи танци или се глупираат. Само Џејмс Милнер е прав пример.
Една од главните особини кај тренерите во Премиер лигата е ракувањето, кое речиси е задолжителна пракса. Оле Гунар Солскјер мислеше дека таа култура е иста и во Лига Европа, како на пример кај Филипе Клемент од Клуб Бриж.
Дечково од Америка поубава вечер само на сон. Доаѓа до Рим, неговиот омилен клуб го победува можеби најтешкиот ривал во првенство, и тоа после пресврт, а пред мечот ја бара девојка му за жена и таа прифаќа. Епа уште скудетото да го прослави на свадба и Скорсезе да снима филм.
Смртта на Коби Брајант е апсолутен шок за целиот свет на спортот, но и пошироко. Разни извори по објавата на веста, шпекулираа кој сè бил со него во хеликоптерот, а на крај стигна трагична вест.
Глупердата од тенисер кој повеќе е познат како глуперда отколку како тенисер, сакаше пак да се направи интересен и за чудо успеа да ја насмее публиката. Жртва му беше Надал. Ова можеби некако ќе му пројде за разлика од тоа со бананата, ама пак е глуп.
Денвер Нагетс со 134-131 го победи Голден Стејт а српскиот репрезентативец постигна 23 поени со 12 скока и 8 асистенции. Просто неверојатно е какви шутеви вади и баскетот влегува низ обрач.
Роџер Федерер, Рафа Надал, Новак Ѓоковиќ, Серена Вилијамс и многу други тениски ѕвезди учествуваа на ревијалниот меч Rally For Relief (Собир за утеха) на кој играчите и навивачите донираа средства за помош во борбата со пожарите во Австралија. АТП соопшти дека играчите донирале вкупно 384.000 фунти.