Од неодамна е и стандарден англиски репрезентативец и не зажали што остана во тимот од детството. Капитенот на Астон Вила пред неколку месеци имаше непријатна епизода кога прво апелираше јавно да се почитува строгиот карантин, а истата вечер излегол надвор и под дејство на алкохол со својот Ренџ Ровер слупал два други автомобили.
Денес се појавил на суд каде го казниле 82.000 фунти и му ја одзеле возачката на 9 месеци. А кога доаѓал да ја слушне пресудата, лукаво ги заобиколил бројните новинари и фоторепортери кои го чекале пред главниот влез. Во еден момент се паркира неговиот Ренџ Ровер, но Грилиш неприметно влегува со адвокатот од друга страна:
Jack Grealish got someone to drive his car up to court to distract the press as he walks in the other way pic.twitter.com/2l87XLB76e
— indykaila News (@indykaila) December 15, 2020