Европската фудбалска асоцијација денес ја објави ранг листата за клупските натпреварувања во нивни рамки, а македонскиот клупски фудбал повторно забележа пад и тоа за 4 места. Металург сезонава е најдобар од нашата земја и се наоѓа на 157 место во Европа.
Навивачката група Лојал Фанс ги поканува сите навивачи на ФК Вардар во недела да дојдат на Арената Филип II и заедно да го прослават јубилејот од 15 години постоење, како и есенската титула на нивниот омилен фудбалски клуб.
Од женски фудбал во Македонија познато е дека ја имаме одличната Наташа Андонова која пред 3 години направи трансфер во Германија и дека репрезентацијата губи и по 15:0. Сега откривме и еден клуб.
По вчерашното долго соопштение испратено до медиумите, навивачите на Вардар излегоа пред јавноста за да се произнесат за крвавиот инцидент на дербито помеѓу Пелистер и Вардар на кое сметаат дека полицијата целосно потфрлила во својата работа.
Стартот на 23-та сезона од македонскиот фудбалски шампионат е убедливо најлошиот од осамостојувањето на Македонија. Главна тема беше ужасот во Битола и змијата во Кратово, а за фудбал не се зборуваше.
Водачот на Наполитанците, Џенаро Де Томазо, кој е син на шефот на познатата мафија „Комора“ доби пет годишна забрана за одење на стадион. Многу навивачки групи ширум Европа испратија пораки за негово ослободување.
Откако речиси 20 минути по завршување на натпреварот Комитите не престанаа со пеење, цела екипа на Вардар повторно влезе во сала за да се поздрави со навивачите.
По сите претходни најави, но и желби на навивачите газдата на двете ракометни екипи на Вардар, го презеде во свои раце и најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија.