Како наследник на саудискиот престол, речиси и да не постои човек кој може да му нареди или каже што било на принцот Мухамед бин Најеф. Така е се до една вечер во јуни годинава, кога тој е итно свикан во палатата во Мека, и таму со часови држен против своја волја се додека не се откаже од правото на престолот. Следното утро во Саудиска Арабија изгрева со веста дека земјата има нов принц-наследник, 31-годишниот син на кралот, Мухамед бин Салман.
19 јули 2017 - 17:00