Новак Ѓоковиќ како и често пати, беше да ја бодри Црвена Ѕвезда во живо на мечот против Валенсија од Евролигата кој белграѓани го добија 92:73. Камера го улови како му дава пари на едно од децата кои се сликаа со него.
За разлика од ексцентричните полетни ама зелени тенисери кои тешко го изодуваат патот до професионализмот, Данил Медведев се изборил со сите предизвици и стигна до најголемиот пехар во неговата кариера.
Светскиот рекет број 1 го бива за шампионски потези и кога не држи рекет в раце. На Петар од Македонија кој е негов навивач и кој има аутизам, срцето му го исполни со само еден клип.
Па богами не се гледа секој ден светскиот рекет број 1 да го шета кучето на улица, да му се соберат деца, а тој да застане и да дава совети за тоа како се држи рекет и слично. Му се посвети целосно на малиот, цар.
Австралискиот тенисер со грчко потекло Ник Кирјос уште еднаш го покажа својот пргав темперамент. Нема ден а да не пише нешто или изјави против светскиот тенисер број 1. Новак во вторникот одговори дека нема никаков проблем со таквиот однос на Кирјос кој не престанува да го омаловажува, без некоја посебна потреба.
Во четвртокот и петокот температурата во Мелбурн отишла и на +40 степени. Многу учесници на Australian Open се незадоволни што треба да играат по такви пеколни горештини.
Пред осум дена Washington Post напиша повеќе редови за предводникот на плејадата талентирани млади тенисери кои полека ќе ја заменуваат старата гарда која од друга страна не го пушта стисокот врз овој спорт.
Децата задолжени за топчињата на тениските мечеви често се во фокусот од разни причини поврзани со тенисерите и со нив се наоѓаат на насловните страни.
Светскиот рекет број еден уште еднаш ги покажа своите човечки квалитети, откако се дружеше и поигра тенис со 7-годишно дете кое боледува од ретка болест. Во понеделник Ноле го почнува Вимблдон против Колшрајбер.
Иако нема логична причина за тоа татковците да не останат успешни играчи, тоа не е случај со најголемите тенисери низ историјата. Откако доби син, Ѓоковиќ сега бара совети од Федерер како да се справува со ситуацијата.