Неверојатниот Леброн Џејмс со 45 поени го спаси Мајами на гостувањето кај Бостон и се избори за седми натпревар и тоа пред своите гледачи на кој ќе биде одлучен финалистот од Истокот.
Кошаркарите на Сан Антонио ја победија Оклахома во вториот натпревар од финалето на Западната конференција на НБА лигата и ја продолжија рекордната серијата од 20 победи.
Магазинот Sports Illustrated спроведе анкета помеѓу самите кошаркари за тоа кој е највалканиот играч во НБА лигата. Изненадувачки, на првото место не е Мета Ворлд Пис (Рон Артест).