„Да не беа другар ми Бруно на времето и татко му Итаир, тешко дека денес ќе бев на местото на кое сум, во Лига на шампиони со Атлетико Мадрид“, раскажува бразилскиот стопер Фелипе.
Упорноста на најдобриот тренер на денешницата била видлива уште првпат кога седнал на тренерската клупа. Успеал да направи цел град да го засака клубот, ја подигнал посетеноста на стадионот, а екипата играле фанатично борбен фудбал.
После 69 дена, на сцена се враќа елитното клупско натпреварување. На програмата вечерва се 2 меча, кој од кој појак за гледање, коментирање, анализирање. Клоп оди кај Чоло Симеоне кој рече дека Германецот е број 1 тренер на светот и многу го почитува. Во Дортмунд судар на машините за голови.
Да се даде еден гол во елитното друштво е подвиг, а камоли 4 или 5 на еден натпревар. Тоа му појде од нога на Серж Гнабри од Баерн Минхен кој влезе на листата од 12 играчи кои постигнале по 4 гола на 1 меч во новиот формат на ЛШ (од 1992). Само двајца броеле дури до 5 гола.
Енфилд Роуд во вторникот донесе огромна возбуда за навивачите на Ливерпул, кој успеа да стигне до посакуваната победа против незгодниот Наполи, вредна осминафинале. Сите беа во транс, па дури и оние кои не можат целосно да го доживеат моментот.
Упорноста и напорниот труд кои ги вложил во судбоносните два месеци за да докаже дека е талентиран фудбалер во јуниорите на Саутемптон го направија Окс еден од најдобрите англиски фудбалери на денешницата. Од Арсенал прејде на „Енфилд Роуд“ а го одби Челси.
Навивачите на ПСВ Ајндховен решија да не ги остават фудбалерите на Атлетико Мадрид мирно да спијат во пресрет на вечерашниот дуел од Лигата на шампионите, па така 10-ина минути рокаа огномет пред хотелот каде беа сместени Шпанците.
Растен на загрепскиот асфалт, уште во детството се одвојувал од другарите по талентот за фудбал. Неговите родители биле борачи и џудисти, но Пјаца под перницата сакал да спие со копачки, а не со кимоно. Во Торино сабајлево стигна како суперѕвезда.
Екипата на Челси вечерва со гол предност на Камп Ноу се среќава со актуелниот европски шампион на полуфиналниот реванш натпревар од Лигата на шампиони. Ќе успее ли Барселона да ја надмине негативата или ќе се збогува со својот пехар?