Фудбалско сценарио за филм ни дојде од една ептен симпатична прекуморска територија околу која со векови се тегнат Британија и Шпанија. Има 29 и кусур илјади жители и фудбалот го играат со срце.
Во април 2020-та, реномираниот германски сајт Transfermarkt објави рејтинг од најверните фудбалери во најдобрите Топ10 лиги во Европа. Половина беа од шпанска Ла Лига, но во август 2021 од таму има само двајца.
Кошаркарите на Ефес Пилсен по првпат во историјата го освоија највредниот трофеј во европската кошарка откако вечерва со 86:81 ја совладаа Барса. МВП на сезоната и на Фајнл Фор е Василије Мициќ кој растури и во финалето.
До стартот на Европското 2020 кое од познати причини ќе се игра во 2021, останаа нешто помалку од месец дена. Да ги погледнеме арените на кои летово ќе се игра најдобриот европски репрезентативен фудбал.
Голем дел од претседателите на европските гиганти се „мала маца“ за некогашниот сопственик на Милан кој жареше и палеше ширум Европа. Кога тој смислувал идеја како да се офајди од УЕФА, другиве уште започнувале скромни бизниси.
„Тоа што го прави тој не го направил ниту еден политичар. Салах ги обедини сите - Мароканци, Тунижани, Саудијци, Кувајтци, жители на Емирати и Оман - сите го сакаат. Кога се случува некаков напад, Салах е единствен кои ги теши жителите и им дава надеж.
Во ноември BBC објави резултати од едногодишното истражување на Price of Football за тоа колку пари чинат билетите и сезонските карти за фудбал во сите англиски и некои европски лиги. Германците пристојни, Англичаните со претерано скапи карти.
„За нас сезоната во Премиер е завршена, нема што да бараме“, заклучи Жозе и тргна голем товар од грбот на своите фудбалери кои сега мора да ја освојат Лига Европа за да се пласираат директно во Лига на шампиони. Ако сакаат да им дојде Гризман, секако.
На 28 март 1993 година на само 16 години, 6 месеци и 1 ден Франческо Тоти првпат истрча на Олимпико во дресот на Рома која вечерва против Лион ќе игра да му го продолжи патот на ветеранот низ Европа.
Иако имаат доминантна улога во светот на фудбалот, на Каталонците само неколку пати во историјата им успеала фамозната remontada, пресврт во реваншот по убедливо загубен прв натпревар.