На стандардна рамна мапа на светот Гренланд е голем речиси колку Африка, во реалноста Африка е 14 пати поголема од Гренланд. И тука проблемот не е чисто расизмот и европската агенда за ментално поробување и дотепување на Африканците, туку и тоа што е реално тешко површина на сфера да ја пресликаш на правоаголник.
Проблемот во ова пресликување главно се јавува на три точки: двата пола и екваторот. Во основа колку е поблиску државата до Јужниот и Северниот пол, и подалеку од Екваторот, толку повеќе нејзината површината е претерано зголемена.
Заради ваквиот баг глобалната слика за Африка е извитоперена. Истото важи и за Саудиска Арабија која без разлика како изгледа на мапата, има поголема територија од Франција, Шпанија, Германија и Полска заедно.
Најголем ќар од проблемот со конверзијата меѓу двете геометриски форми, освен Гренланд, имаат Русија и Канада, кои се граничат со Северниот пол, и чија издолженост на глобусот прави да изгледаат неосновано големи.
За подобра перспектива Африка има 30,4 милиони километри квадратни. Русија, која и по овие корекции останува најголемата држава на светот, има 10 милиони километри квадратни.
Едно од местата на кои се средува ваквата перцепција е сајтот „The true size of...“